19 Декември, 2025
0.0803

Страшно злосторство ја потресе Србија: Татко си ја убил својата двегодишна ќерка, а потоа се самоубил

Објавено во: Балкан 05 Октомври, 2022 09:29

Добивај вести на Viber

Пред грозоморниот чин тој на сопругата со која е во процес на развод  ѝ испратил порака „Ќе го убијам детето и себеси“

Марко Б.(35) од Вршац вчера во семејниот дом ја убил својата двегодишна ќерка, а потоа се самоубил со бесење.

Според информациите, тој ја задавил својата ќерка, а пред грозоморниот чин и испратил порака „Ќе го убијам детето и себеси“ на сопругата со која е во процес на развод.

Несреќната жена веднаш повикала полиција, но веќе било доцна.

Ова монструозно злосторство, кое ја потресе српската јавност, потсети на сличен грозен чин што се случи пред пет години пред Центарот за социјална работа во Раковица, Белград.

Тогаш Марко Николиќ (43) ги уби четиригодишниот син Михаил и невенчаната сопруга Маја Ѓорѓевиќ (38).

Николиќ дошол во Центарот носејќи го во раце својот син во онесвестена состојба, кого, се дозна подоцна, го задавил, го фрлил детето на под и ја нападнал Маја.

Ја нападнал со тупаници и нож. Кутрата жена успеала да побегне од зградата, но тој ја стигнал на паркингот и смртно ја избодел.

Николиќ набрзо бил уапсен и испратен во затвор.

-Во притвор Николиќ се однесува како да е на одмор. Едноставно јаде, спие, гледа телевизија и ја подготвува својата одбрана со адвокат кој го посетува. На тие тројца приведени едвај им кажува збор, односно се однесува како да ги нема. Во спротивно, не прави никакви проблеми и без прашање ги исполнува обврските во притвор - изјави тогаш извор од затворот.

Николиќ се самоубил во затворот, прво со чаша нападнал друг затвореник, а потоа сам си го пресекол грлото и се самоубил.

Бил погребан во тајност на Централните гробишта во Белград.

На гробот од црн мермер ништо не е врежано, а името на Марко е на крстот што почива на семејната гробница. На плочата има само еден венец од членовите на неговото потесно семејство со лента на која пишува: „Вие сте засекогаш во нашите срца! Мамо, тато и бато“.


Фото: unsplash

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен