Стартува изградбата на најголемиот трговски центар во Штип
Објавено во: Македонија 30 Август, 2013
Во штипската населба „Сењак“ почна изградбата на најголемиот трговски центар во источна Македонија.
Како што информира Милена Ристова-Михајловска, портпарол на градоначалникот на Општина Штип, косовско-црногорската фирма „Елкос“ треба да го изгради трговскиот за три месеци. Предвидено е објектот, кој ќе зафаќа околу 5.500 метри квадратни површина, да има и уреден паркинг простор.
- Градежните работи почнаа, моментно се рамни теренот. Целосната реализација на проектот се очекува да заврши за три месеци, изјави Ристова-Михајловска и додаде дека трговскиот центар ќе отвори 80 нови вработувања.