05 Декември, 2025
0.0761

Стратува седницата на Европскиот парламент во Стразбур

Објавено во: Економија 22 Октомври, 2012 09:57

Добивај вести на Viber

Една недела ќе трае седницата на Европскиот парламент, која денеска започнува во Стразбур.  На маратонската седница европратениците  ќе дискутираат за буџетот на ЕУ за следната година.
Се очекува Европскиот парламент да го отфрли предлогот на Советот за намалување на платите за 2013 година  и да инсистира за одобрување на идеите на Европската комисија, бидејќи во спротивно Унијата нема да биде во состојба да плаќа за услугите, кои ги доставува во земјите-членки. Гласањето за оваа тема ќе се одржи утре.
Пратениците пак , вчера гласаа за зголемување на финансирањето во некои приоритетни области, како стимулирањето на растот и надворешната политика. Тие одобрија вкупно 151,2 милијади евра за преземените задолженија и 137,9 евра за платите во 2013 година.
ЕП утре ќе дискутира и ќе гласа за нацрт-буџетот на ЕУ за периодот 2014-2020 година. Ќе се настојува да се обезбедат инвестиции за научните истражувања и конкурентноспособноста. Ќе гласа и за резолуцијата,  во која се повикува ЕК јасно да го определи значењето на терминот „вонредни состојби“, во случај кога се одбива превоз на патниците со сите видови на транспорт.
Парламентот треба да гласа и за резолуцијата, која ќе обезбеди дополнителна конзуларна заштита на граѓаните на ЕУ во државите надвор од Унијата.
Инаку  продолжената седница се одржува поради одложувањето на кусите седници во Брисел, што беше предизвикано од уривањето на покривот над пленарната сала во зградата на ЕП во Брисел.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања