16 Мај, 2024
0.0426

СТРАВ ОД НОВО ЦУНАМИ: Претходниот удар уби 300 луѓе

Објавено во: Свет 24 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Индонезија стравува од ново цунами. 

Цунамито во саботата однесе околу 300 жртви, а над 1000 се повредени. 

Вулканот Анак Кракатау во Индонезија сега е активен, а на населението во подрачјето им е издадено предупредување за можно ново цунами. Од Националната агенција за природни катастрофи им препорачаа на жителите да не приоѓаат во крајбрежните делови. Индонезиските власти велат дека немало брзо предупредување од цунами затоа што системот за рано предупредување е опремен да реагира на земјотреси, а цунамито било предизвикано поради подводно лизгање на земјиштето предизвикано од ерупцијата на вулканот. Штетата е огромна, а спасувачките екипи бараат евентуално преживеани. ОН и ЕУ испраќаат хуманитарна помош во погодените региони. Најзагрозено е населението во близина на вулканот.

Отворени се голем број прифатни центри за над 11 илјади евакуирани лица. Претседателот на Индонезија, Јоко Видодо ги посети местата погодени од цунамито и повика на смиреност.

Цунамито удрило во вечерните часови за време на локален празник, откако не било забележано повлекување на морската вода, како што е случај при земјотреси.

Анак Кракатау настана во 1927 година, по ерупцијата на вулканот Кракатау. Последниве 6 месеци има зголемена активност, а на жителите повеќе пати им е дадено предупредување да ја избегнуваат областа во близина на кратерот.

Можеби ќе ве интересира

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо