16 Декември, 2025
0.0260

СТРАВ ВО ЛИБАН: Се плашат да не им експлодираат мобилните, лаптопите...

Објавено во: Свет 19 Септември, 2024 17:53

Добивај вести на Viber

Новинарите на Би-Би-Си разговарале со жителите на Либан кои велат дека се во тешка состојба. Ниту една електронска опрема според нив веќе не е безбедна.

„Не знаеме дали можеме да бидеме во близина на нашите лаптопи, телефони… Во овој момент се изгледа како опасност, никој не знае што да прави“, изјави Гида од Либан за БиБиСи.

Една од продуцентките на Би-Би-Си добила порака од пријател кој рекол дека ја заменила либанската СИМ-картичка со меѓународен број бидејќи била загрижена дека може да  експлодира нејзиниот мобилен телефон.

„Се плашам од војна од пошироки размери во Либан, се плашам за мојот народ, се плашам за мојот град, за мојата земја. Затоа што заслужуваме подобро и ја плаќаме цената на војната меѓу Хезболах, Израел, Иран, сите… Заслужуваме подобро“, раскажа таа.

Локалниот новинар Хасан Харфуш за Дејли Меил пишува дека Бејрут е целосно во паника. Групите на WhatsApp се полни со панични пораки. Постојат гласини дека соларните панели, батериите, фрижидерите, можат да експлодираат. 

За два дена, во Либан експлодираа пејџери и воки - токи уреди кои ги користеле членови на групата Хезболах. Имаше мртви и повредени. 

Сима Шајн, поранешен шеф на истражување и анализа на израелската разузнавачка агенција Мосад вели дека нападот со пејџери врз групата Хезболах е изведен совршено. 

foto EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете