Струен удар повреди тројца пожарникари во струшко
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2023
Струен удар повреди тројца пожарникари додека гаснеле пожар што избил на кров од куќа во струшкото село Радожда. Повредените биле пренесени во Општата болница во Струга каде им биле констатирани телесни повреди по што, биле пуштени на домашно лекување,
Веста ја потврди командирот на Територијалната против пожарна единица во Струга, Фети Мазари.
- Пожарникарите се во добра здравствена состојба, а пожарот е целосно изгаснат, изјави Мазари.
Пожарот во близина на струшкото село Радожда, сопственост на А.С. од истото село,
бил пријавен синоќа во 23 часот и 30 минути, по што интервенирале шестмина пожарникари.
Се работи на расчистување на случајот.