05 Декември, 2025
0.0338

Струја се увезува на ангро, а изградбата на сончеви централи заглави во владините фиоки!

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2012 15:15

Добивај вести на Viber

Иницијативите на инвеститорите, но и на Агенцијата за енергетика за зголемување на квотата за повластено производство на струја од сончеви централи се заглавени во владините фиоки. Од Владата за сега демонстрираат незаинтересираност да дозволат да се зголеми бизнисот со струја добиена од сонце по повластена тарифа. Катерина Попоска Агенцијата за енергетика бара од Владата да се зголеми квотата за повластено производство на електрична енергија од сончеви централи за нови 22 мегавати во следните 7-10 години, дознава “Фактор“. Три месеци откако по налог на Владата, Регулаторната комисија за енергетика ги прекина сите постапки за издавање привремено решение за повластено производство на струја од сончеви централи, сега Агенцијата предлага да се стимулира производството на струја од сонцето, како бесплатен и еколошки чист извор на енергија, но не со повластена, фидинг тарифа, туку преку директно субвенционирање на овие електрани во првите шест години. “Ние доставивме мислење до Владата, во кое предлагаме Комисија на лице место да го анализира бизнис планот на инвеститорот и Агенцијата за енергетика и Владата да му исплатат субвенции на инвеститорот во првите 6 години. Во овој случај, инвеститорот ќе ја продава струјата добиена од сонце, не по повластена или субвенционирана цена, туку по пазарна. Откако ќе поминат 20 години од оперирањето на централата, инвеститорот да ја предаде во сопственост на државата, односно на ЕЛЕМ“, откриваат за Фактор од Агенцијата за енергетика. Од Агенцијата за енергетика предлагаат да се ограничи инсталираниот капацитет на електраната, односно да не може еден ист инвеститор да изгради електрана и до 10 мегавати, со што ќе лапне огромен дел од колачот, за сметка на поголем број инвеститори кои сакаат да се занимаваат со овој бизнис. Според неофицијалните информации на Фактор, иако и Агенцијата за енергетика, и Регулаторната комисија за енергетика и надлежното министерство доставиле мислење до Владата дали треба да се зголеми квотата за повластено производство на струја од сонце, за сега од Министерството за економија не го обелоденуваат ставот. Владата веќе три месеци е нема на барањата на инвеститорите кои речиси изоделе половина пат за да стигнат до повластено производство на струја од фотоволтаични централи. “Во врска со прашањето за зголемување на инсталираниот капацитет за сончевата енергија, се прави меѓуресорска консултација и во зависност од неа ќе се преземат соодветни активности во наредниот период“, кусо одговорија од Министерството за економија. Нема можности за нови инвеститори Во Македонија во моментов не може да влезе нов инвеститор во бизнисот со производство на струја од фотоволтаични централи по повластена тарифа. Предвидената квота од 10 мегавати инсталиран капацитет на електраните, за која Владата предвиде повластена тарифа, речиси е исполнета, а нова квота од Владата не дозволуваат веќе трет месец по ред. Регулаторната комисија за енергетика во септември годинава преку соопштение објави дека ги прекинува сите постапки за издавање привремено решение за стекнување статус на повластен производител на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали. “Поради надминување на моќностите утврдени со Одлуката за вкупната инсталирана моќност на повластените производители на електрична енергија произведена од секој одделен обновлив извор на енергија, во Регулаторната комисија за енергетика нема да се разгледуваат барањата за издавање привремено решение за стекнување статус на повластен производител на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали“, беше образложението на Комисијата објавено на нивната интернет-страницата. Инвеститорите повеќе од една година бараат Владата да ја зголеми квотата за повластено производство на електрична енергија од овој бесплатен извор на енергија за уште најмалку 10 мегавати, со што ќе покаже дека навистина сака да го стимулира производството на зелена енергија и ќе дозволи влез на нови инвеститори во бизнисот со струја. Според последните податоци од Регулаторната комисија за енергетика, повластената тарифа за производство на струја од фотоволтаични централи се 30 евроценти за електрана со моќност до 50 киловати и 26 евроценти за електрани од 51 киловат до еден мегават. Заклучно со јули, во земјава има шест инвеститори во електрани до 50 киловати, кои произведуваат струја со субвенција од државата, чиишто вкупен капацитет е 220,8 киловати. Соларна централа над 51 киловат досега изградиле само три компании - Мавис и Такома од Штип, чиј вкупен капацитет е 1.027 мегавати и Мега Солар, 996,7 киловати. Во фаза на градба, а без статус на привремено решение за стекнување статус на повластена тарифа за електрани до 50 киловати се 33 фирми, чија моќност се проценува на 1.580 киловати. Со ова речиси е исполнета квотата до 10 мегавати која ја определи државата, во чии рамки се обврза да ги стимулира инвестициите во соларни централи преку субвенционирана тарифа (фидинг-тарифа).

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец