16 Декември, 2025
0.0567

Струјата на бугарската берза ИБЕКС се продава двојно поевтино од таа што ние ја плаќаме на ЕЛЕМ

Објавено во: Економија 23 Јануари, 2016 09:03

Добивај вести на Viber

По три години макотрпна работа и политички испирирани застои почна да работи бугарската берза за струја што е единствен пазар со јавно објавени цени за струја во нашето опкружување. Во првите два дена на ИБЕКС може да се купи струја на пола цена од таа што РКЕ му ја одобрува на ЕЛЕМ Започна со работа бугарската берза за електрична енергија и таа првиот и единствен пазар за струја кој дава транспарентни ценовни сигнали за купување на електрична енергија ден пред испорака. Првиот трговски ден на берзата беше 19 јануари со испорака на истргуваната електрична енергија на 20 јануари. Во првите два дена од тргувањето на Бугарската независна берза за струја ИБЕКС www.ibex.bg просечната цена на час изнесува  22 евра односно 44 лева за еден мегаватчас електрична енергија. Тоа е речиси двапати поевтино од цената за производсто на еден мегаватчас што нашата државна Регулаторна комисија за енергетика му ја одобрува на државниот производител ЕЛЕМ која изнесува над 40 евра за еден мегаватчас произведена електрична енергија. Постоењето на ИБЕКС значи дека секоја македонската компанија што е квалификуван потрошувач (значи исполнила услови самостојно да купува за свои потреби) може да си купи струја на бугарската берза доколку си купи преносен капацитет кај МЕПСО и кај ЕСО систем-операторите на Бугарија и на Македонија. ИБЕКС е првиот пазар за струја во нашето опкружување каде цената е јавна и струја може да се купи или продаде „ден однапред“ Бугарската берза е проект што битисува три години наназад и помина низ многу перипетии додека да започне да функционира. ИБЕКС е државна компанија која е основана од НЕК (бугарската национална енергетска компанија и нивниот систем-оператор што управува со преносниот систем). Партнер на бугарската страна во овој проект, кој беше силно форсиран од сите политичари од Брисел, е скандинавската берза НОРДПУЛ (а таа е конзорциум создаден од операторите на преносните системи на скандинавските земји). НОРДПУЛ е скандинавска берза која работи во сите држави во Скандинавија и во балтичките земји. Освен тоа НОРДПУЛ во последниве две години ги прошири своите деловни операции во Бугарија и во Хрватска каде е партнер на локаните компании кои основаат берзи. НОРДПУЛ во Бугарија е сервис-провајдер затоа што на ИБЕКС му ја дава на располагање трговската платформа на која се продава и купува електрична енегија и сервисот за клиринг т.е. за порамнување на трансакции со купопродажба на струја. Берзата ги гарантира плаќањата и испораката на струја! Утка нема По многу укажувања и притисоци, по политички мотивирани одложувања сепак Бугарија смогна сили и формира организиран пазар за електрична енергија на кој може да се тргува струја ден однапред. Таму се нудат различни продукти и струја може да се купи: секој час, во блок количество за 24 часа, пикова енергија (во скапите часови од 9 до 20 часот) или во оф-пик (евтините часови од од 1 до 8 часот и од 20 до 24 часот). Берзата функционира на тој начин што нејзиниот алгоритам ги собира и ги мечува сите налози за понуда и за купување на струја и при тоа вади цена за секој поединечен час и ги поврзува продажните и куповните налози. Берзата се разликува од сите пазари по тоа што таа гаранира за исплата на парите на тие што ја продаваат струјата и тоа во период до три дена од денот на испорака, а на тие што купуваат им гарантира дека ќе добијат струја по цената што ја платиле. Секоја берза има „маркетмејкер“ и „ликвидитипровајдери“. На бугарската берза маркет мејкер е најголемата термоцентрала во таа земја – државниот производител „Марица Исток 3“ која дава одредени количества на страната на понудата. До сега на ИБЕКС се регистрирани вкупно 14 учесници на пазарот меѓу кои се сите компании што се снабдувачи, неколку трговски компании, а освен Марица, како учесник е регистрирана и нуклераната централа „Козлодуј“. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи