Струјата поевтинува за 0,25 отсто
Објавено во: Економија 30 Јуни, 2016 15:17
Од 1 јули годинава цените на електричната енергија за домаќинствата ќе се намалат за 0,25 отсто.
Како што соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Димитар Петров, причина за поевтинувањето се помалите трошоци што ги пријавиле енергетските компании.
Кај ЕЛЕМ Производство цените се намалуваат за 0,01 процент, кај МЕПСО за 7,99 отсто, а кај ЕВН Дистрибуција за 9,71 процент.
Ова е втора година по ред како поевтинува струјата за домаќинствата. Лани се намали за 0,33 отсто.
Според последните податоци од Евростат, Македонија плаќа најевтина електрична енергија во Европа.
Андреевски: Одлуката за поефтинување е скандалозна, наместо во промили цената на струјата требаше да се намали за десетици проценти
Регулаторната комисија за енергетика, цената на електрична енергија ја намали за скандалозни 0 проценти и 25 промили.
„Укажуваме дека постои реална можност за намалување на цената на струјата - не во промили, туку за десетици проценти, бидејки од лани е падната цената на електричната енергија на регионалните берзи, и граѓаните веќе со месеци плаќаат поскапа струја“, вели Митко Андреевски од СДСМ.
Со денешната Одлука, вели Андреевски, регулаторната комисија за енергетика повторно ги штити бизнисите на трите енергетски компании и нивните соработници и дозволува граѓаните да плаќаат скапа струја, овој пат поради милионски рајски градини, ски центри, обезбедувања, фасади и редица други проекти што немаат врска со енергетиката.
„Досега апелиравме, денеска порачуваме: Ќе има Ревизија на денешната одлука на Регулаторната комисија. Ќе има ревизии и на сите претходни одлуки поради коишто во изминатите 10 години цената на струјата е покачена за речиси 100 проценти“, додаде Андреевски.
Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




