18 Декември, 2025
0.0526

Струјата поскапува и во Србија за 12 одсто

Објавено во: Балкан, Економија 11 Јуни, 2015 14:00

Добивај вести на Viber

Од први август цените на струјата ќе се зголемат за 12 одсто, соопштено е на конференцијата која ја одржал Министерот за рударство и енергетика Александар Антиќ и министерот Душан Војовиќ, со што се потврдува пишувањето на српските медиуми.

Поскапувањето значи дека ако плаќаат сметка од 2500 динара, сега ќе плаќаат 300 динари повеќе.

Во поскапувањето е вклучена и акцизата.

Антиќ рекол дека до последен момент се труделе поскапувањето да биде што помало, пренесуваат српските медиуми.

-Знаеме дека тоа ќе биде додатен удар за буџетот на граѓаните. И покрај поскапувањето на цената на струјата, во Србија е помала отколку во околината и во Европа. Се боревме да биде што помала и да почне да се применува што подоцна.

Тој најавил дека социјално загрозените ќе имаат бесплатни од 120 до 250 киловати часа месечно.

Министерот рекол дека очекува од поскапувањето на струјата и акцизите во буџетот да се влеваат на годишно ниво 14,1 милијарда динари.

-Јасно е дека луѓето од ЕПС нема да бидат среќни поради односот на ова поскапување, бидејќи тие барале и очекувале повеќе. Но сега ќе мора ефикасно да управуваат со овој ресор, рекол Антиќ.

Нема нови работни места без вложување во електроекономијата

Антиќ навел дека е свесен дека никогаш не е добар момент за зголемување на електричната енерија и укажал дека е потребно електроенергетскиот систем и електроекономијата во Србија да останат стабилни.

-Нема отварање на нови работни места и фабрики ако нема вложувања во електроекономијата - рекол Антиќ.

Тој истакнал дека цената на струјата останува најниска во Европа и навел дека ќе биде 50 одсто пониска од Црна Гора.

Министерот Вујовиќ рекол дека просечна сметка во Србија е 2500 динари, што значи дека ќе скокне за околу 300 динари.

Како што претходно соопштија од владината канцеларија за соработка со медиумите, корекцијата на цената е планирана со аранжман од мерки на претпазливост кои Србија ги потпишала со ММФ.

Српскиот премиер Вучиќ изјавил вчера, после разговорите со европскиот комесар за енергетика Марош Шефовиќ , дека владата ќе разговара за цената на струјата, дека за резултатите на тие разговори јавноста ќе биде известена денес, а дека поскапувањето нема да следи пред 1-ви август.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата