СТРУЈОМЕРИТЕ ДА СЕ ЧИТААТ НАЈМАЛКУ ЧЕТИРИ ПАТИ ГОДИШНО, МОЖНО ЛИ Е СТРУЈАТА ВО ГОДИНАТА ДА СЕ ПЛАЌА НА 12 ЕДНАКВИ РАТИ - што донесе средбата Бислимовски-Зибери
Објавено во: Економија 14 Јуни, 2022 13:12
Најмалку четири пати годишно да се читаат струјомерите од страна на Електродистрибуција, бидејќи граѓаните се жалаат за нереални сметки.
Со вакво барање денеска излезе народниот правобранител Насер Зибери, по средбата со Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.
Електродистрибуција ќе мора најмалку четири пати годишно да ги чита струјомерите, изјави Бислимоски по средбата.
Според сегашната регулатива, обврската за читање на струјомерите е еднаш годишно.
Инаку, кај Народниот правобранител се испратени многу граѓански поплаки за нередовно читање на струјомерите и за високи сметки што им биле испорачувани по читањето. Тоа било мотив за средбата меѓу Бислимовски и Зибери.
„Со распределбата секој може да си прави што сака, само кажуваме и испраќаме сигнал до домаќинствата дека доколку ја трошат нерационално енергијата ќе плаќаат повеќе. Ние сме енергетски сиромашна земја. Електрична енергија мора да има и апелираме граѓаните да си ја намалат својата потрошувачка. Треба да има струја за сите, и не сметам дека тоа е противуставно. Сето ова е опција за граѓаните, да си направат рамномерна распределба на својот буџет, ние не можеме да ги натераме, ова е со цел да не плаќаат високи сметки“, додаде Бислимоски.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




