19 Декември, 2025
0.0363

Стружанец на лоз изгреба автомобил

Објавено во: Економија 19 Март, 2016 19:07

Добивај вести на Viber

Никола Јаулески од Струга, енергичен, успешен, млад човек верувал во својата среќа и затоа редовно игра НовоЛото 7/34 и инстант лотарија. Неодамна на среќното место Кики Твинс , во центарот на Струга купил три инстант лоза Среќни Тркала, кои ги чувал да ги изгребе во домашна атмосфера. Покрај тоа што верува во игрите на среќа , сепак верувал дека и домот ќе му донесе дополнителна среќа. Третиот изгребан  лоз му донел 4 среќни тркала. Никола Јаулески во весело опкружување, со неговите најблиски и пријателите денес се запозна со својот посакуван автомобил. Во прекрасна атмосфера на денешниот убав и сончев ден клучевите од автомобилот на Никола му ги предаде Билјана  Дуновска, од продажното место Кики Твинс чија среќна рака неодамна му го избрала и добитниот лоз. Денес се уверивме дека преубавиот автомобил Пасат замина во вистински раце, кај млад Стружанец , кому срдечно му честитаа и сите минувачи. Дружењето со добитникот и неговото големо весело друштво сите не наполни со позитивна енергија, а на стружани им даде дополнителна верба во среќата. Добитникот на третата премија од инстант лозот Среќни Тркала на сите им порача да веруваат во среќата, но и редовно да играат, бидејќи само кој игра тој и добива. Тимот на Државна лотарија на Македонија , тимот на среќното место Кики Твинс во Струга,  од денес се побогати за едно ново пријателство со најновиот член во семејството добитници од игрите на среќа на ДЛМ. На добитникот и неговото семејство им посакуваме добивката да им служи „ЗА ДОБРО“. Следната средба со нив ќе биде во салонот на Мото Центар во среда, заедно со Иџе и Марјана. struga 1

Можеби ќе ве интересира

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?