Студено утро во Македонија - кои градови се со најниски температури?
Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2016
Во Македонија утрово имаше ниски температури.
Најстудено е во Маврово и Лазарополе каде се измерени 1 степен Целзиусов, 2 во Берово, Ѓуриште, Крива Паланка, Крушево, Куманово, 3 во Тетово, Пожаране, Виница, Штип, Демир Капија, 4 во Струмица, 5 во Скопје, Тополчани, Претор, Гевгелија, Битола, 6 Прилеп, 7 Охрид и 9 во Дојран.
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Облачно ќе биде во западните делови на Македонија, но не се очекуваат големи количини на воден талог.
Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од 10 до 17 степени.
Во Македонија во петок ќе имаме умерено облачно време со сончеви периоди и малку потопло време со дневни температури од 8 до 19 степени. Во доцните попладневни и во вечерните часови во западните и северозападните предели врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошируваат и во останатите предели. Во сабота се очекува претежно облачно време со врнежи од дожд но со послаб интензитет, иако западните и источните предели се очекуваат да наврнат и до 30 литри дожд. Максималните температури од 7 до 18 степени. Во недела и понеделник стабилно време со постудени утра со утрински температури од -3 до 5, односно од -4 до 5 степени.