07 Јули, 2024
0.0312

Студентите ќе излезат на протест заради катастрофалната состојба во домовите

Објавено во: Македонија 14 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Студентската организација „Слободен индекс“ најавува дека ќе организира протест како израз на револт заради катастрофалната состојба во студентските домови, која преку фотографии го обиколи светот. Бараат солидарност од сите студенти да им дадат подршка на нивните колеги од студентските домовите. „Живееме во време кога студентите се уплашени за своите легла, но ако излезат сите на протести не може сите да ги избркаат на улица“, велат од Слободен индекс. За состојбата во студентските домови денеска се расправаа и двете најголеми политички партии. Опозициската СДСМ најави дека кога ќе дојде на власт ќе изгради целосно нови студентски домови. „Во Скопје ќе изградиме нов студентски град со нови студентски домови, ќе изградиме студентски домови низ Македонија, и Владата предводена од СДСМ целосно ќе ги реконструира и модернизира постоечките домови“, изјави денеска претседателот на СДММ, Стефан Богоев според кого на подобрување на животниот стандард на студентите е ставен голем акцент во нивната програма. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагираат дека Социјалдемократскиот сојуз имал многу можности да работи на ова поле но не вложиле ништо во образованието и во студентскиот стандард. „Во време на СДСМ не се отвори ниту еден нов факултет или дисперзирани студии, а камо ли некој нов универзитет. Студентите во тоа време студираа од странски книги и скрипти и ниту една Влада на СДСМ не смогна сили да преведе или да издаде преведени учебници“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Информациите за катастрофалната состојба во македонските студентски домови го обиколија светот, откако еден студент го сликаше домот „Гоце Делчев“, а сликите ги спореди со оние од норвешки затвор. “Операција Студентски дом”! Странците нé разбудија од хоророт “Гоце Делчев”

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГО МЕНУВА ГАШИ: Зеќирија Ибрахими ќе ја води Алтернатива

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГО МЕНУВА ГАШИ: Зеќирија Ибрахими ќе ја води Алтернатива

ИМЕНУВАЊЕТО ДИРЕКТОРИ ОДИ ПОД ЛУПА: Антикорупциска на штрек, ќе „лови“ неправилности

ИМЕНУВАЊЕТО ДИРЕКТОРИ ОДИ ПОД ЛУПА: Антикорупциска на штрек, ќе „лови“ неправилности

ЗА ШТО Е ПОВИКАН ФРЧКОСКИ НА КОНСУЛТАЦИИ ВО МНР? Шокантни информации се пишуваат во медиумите

ЗА ШТО Е ПОВИКАН ФРЧКОСКИ НА КОНСУЛТАЦИИ ВО МНР? Шокантни информации се пишуваат во медиумите

АПАСИЕВ ИМАЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ, ВЕЛИ ОЛИВЕР МУ РЕКОЛ „АЈДЕ БЕ МЕНЕ СО ПИШТОЛИ, АЈДЕ НАВИКНИ СЕ“: Лидерот на Левица откри кој му се заканувал

АПАСИЕВ ИМАЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ, ВЕЛИ ОЛИВЕР МУ РЕКОЛ „АЈДЕ БЕ МЕНЕ СО ПИШТОЛИ, АЈДЕ НАВИКНИ СЕ“: Лидерот на Левица откри кој му се заканувал

ЕВЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРВ ПОЛИЦАЕЦ ВО ТЕТОВО: Риат Али има 20 годишно искуство во полицијата, бил полицаец а потоа инспектор за борба против дрога

ЕВЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРВ ПОЛИЦАЕЦ ВО ТЕТОВО: Риат Али има 20 годишно искуство во полицијата, бил полицаец а потоа инспектор за борба против дрога

СРБИЈА, МАКЕДОНИЈА ПА СОЛУН: Брза пруга за брзо патување до Грција

СРБИЈА, МАКЕДОНИЈА ПА СОЛУН: Брза пруга за брзо патување до Грција

ОВА ГО ИМА САМО ВО ЧАИР: Две возила блокирале улица, никој не може да помине

ОВА ГО ИМА САМО ВО ЧАИР: Две возила блокирале улица, никој не може да помине

ЌЕ ИЗГОРИМЕ: Доаѓа пеколно жешко време, еве што велат од УХМР

ЌЕ ИЗГОРИМЕ: Доаѓа пеколно жешко време, еве што велат од УХМР

ДАЛИ ИМАЛО ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ НА ТРИГОДИШНО ДЕТЕ ВО СТРУМИЦА? Детето било на мост, непознати лица го кренале во раце, полицијата работи на расветлување на случајот

ДАЛИ ИМАЛО ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ НА ТРИГОДИШНО ДЕТЕ ВО СТРУМИЦА? Детето било на мост, непознати лица го кренале во раце, полицијата работи на расветлување на случајот