16 Јануари, 2025
0.6201

Студентскиот Пленум преку допис на подмладоците на пoлитичките партии бара марш без партиски симболи!

Објавено во: Македонија 08 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Денеска Студентскиот Пленум во пресрет на студентскиот марш најавен за во среда, преку допис им се обрати на  претседателите на подмладоците на политичките партии во Македонија притоа нагласувајќи ја нивната интелектуална независност, нивната слободна и критичка мисла која не е диригирана од ниедна популистичка агенда.

Во дописот стои:

„Како значаен општествен сегмент, како студенти (идни академски граѓани) сакаме да ја потенцираме нашата интелектуална независност, нашата слободна и критичка мисла која не е диригирана од ниедна популистичка агенда. Нашиот органон се аргументите, кои не ги насочуваме против партиите туку против неправдата. Како што посочивме во неколку наши досегашни излагања, на маршот може да присуствува секој оној кој чувствува граѓанска одговорност кон квалитетот на јавното образование. Меѓутоа, нашите барања ја надминуваат партијата и партиските интереси.

За таа цел, како претседатели на партиските подмладоци во рамки на вашите партии, очекуваме да влијаете врз вашите членови кои одлучиле да го поддржат студентскиот марш, во насока на почитување на следниве принципи: * На маршот да земат учество како студенти или засегнати граѓани, а не партиски активисти. Ова е граѓанска иницијатива, која по својата природа е наднационална, надетничка, надрелигиска, и пред сè натпартиска; * Да не се истакнуваат партиски симболи; * Да не се провоцира или зема учество во било какви активности кои може да доведат кон започнување или ескалација на насилство помеѓу учесниците во протестот; кон полициските сили; кон приватен или државен, подвижен и неподвижен имот. Организаторот на настанот ќе преземе дополнителни мерки со кои ќе може да се лоцираат овие лица и против истите ќе бидат покренати соодветни кривични или прекршочни постапки. Партиските подмладоци во основата на своето постоење претпоставуваме дека го имаат унапредувањето на интересите на младите, вклучително и студентите. Веруваме дека во моментов од интерес на студентите е оваа иницијатива да остане граѓанска, независна и автентична, фокусирана кон унапредување на квалитетот во високото образование, а не жртва на меѓупартиски превирања. Исто така, сметаме дека како претседатели на младината во Вашите политички партии сте во можност да влијаете врз своето членство во насока на почитување на горенаведените барања. Во спротивно, Студентскиот пленум ќе бара преземање на морална и политичка одговорност од ваша страна , не само за свесно нарушување на овој протестен марш, туку и како партиски подмладок кој не поддржува независен студентски активизам и заштита на студентските интереси. „Постојат луѓе кои се борат и работат и оние кои ја собираат славата за направеното“ (Ганди). Бараме од вас да не бидете оние вторите. Воедно, ние со сите наши сили, ќе се бориме да не бидеме прибрани под ниедно партиско милје. Затоа почитувајте ја нашата решителност. Дозволете да продише граѓанскиот активизам.“

Можеби ќе ве интересира

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава