26 Ноември, 2024
0.0270

Студентските домови бараат нови вработувања, а капацитетите им се преполовени

Објавено во: Економија 02 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Капацитетите на студентските домови се преполовени под посебните протоколи во услови на пандемија, но и понатаму се обидуваат, доколку е можно, да „протнат“ нови вработувања. 

Студентскиот центар Скопје, под чија контрола се студентските домови „Гоце Делчев“, „Кузман Јосифовски - Питу“ и „Стив Наумов“, сега има вкупен капацитет од 1.400 легла. Директорот Дарио Николовски вели дека Министерството за образование дало позитивно мислење за нови вработувања.

- На состанокот што го имавме добивме позитивно мислење од Министерството за образование, но останува да видиме дали тоа ќе наиде на согласност од  Министерството за финансии. Инаку ние работиме со намален капацитет на сместувања, додека дополнително  „Стив Наумов“ се реновира. Во собите во кои може да има сместување за четворица се намалуваат само на две легла, а оние за двајца  може да сместат само еден, вели Николовски.

Тој вели дека Центарот вработува околу 170 работници, но дека од Министерството за образование има позитивно мислење дека треба да се вработат тие што се со договор на дело како и дополнителни нови ангажирања.

- Јас од кога сум директор, немало нови вработувања. Ние имаме девет згради за одржување, три ресторани како и портирска служба, а згора на тоа се работи во смени, вели директорот.

Втор студентски дом со најголем буџет во Македонија е „Пелагонија“ во Кисела Вода каде што изминатиот период го раководат директори именувани од ДУИ. Директорот вели дека од 997 легла, капацитетот е преполовен на 450. Во моментов таму биле вработени 55 лица.

- Иако во нашата програма не се предвидени нови вработувања, на состанокот со министерката објаснивме дека ни требаат дополнителни работници, особено што самите протоколи наметнуваат повеќе работа, вели директорот Демир Хамити.

По пауза од речиси седум месеци, во октомври започна сместувањето во сите студентски домови во Скопје, кои под новите услови, според она што го објави МОН,  можат да се сместат вкупно 1694 студенти. Сепак, и така капацитетите не се исполнети, а во главниот град слободни остануваат 466 места. Десетина слободни места остануваат и во Битола, Прилеп, Штип а голем број се слободни во Охрид.

„Браќа Миладиновци“ во Штип, „Кочо Рацин“ во Битола, „Орде Чопела“ во Прилеп, „Томе Стефановски - Сениќ“ во Скопје, „Никола Карев“ во Охрид и „Крсте П.Мисирков“ во Кавадарци имаат далеку помали буџети. Платите и хонорарите, според она што можеме да го забележиме, ако изостанат раководителите, се движат од 15.000 до 28.000 денари во „Пелагонија“ и во оние под Студентски центар - Скопје.

Од МОН појаснуваат дека сите студенти што ќе следат комбинирана или настава со физичко присуство, согласно листата која на нивно барање им била доставена од факултетите, ќе бидат сместени во студентски дом.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво