СТУДИИ ПОКАЖАА - над 95 отсто од починатите во Европа имале над 60 години, но „заглавуваат“ и помлади со други болести
Објавено во: Корона Вирус 03 Април, 2020 12:56
Раководителот на Канцеларијата на Светската здравствена организација во Европа изјавил дека бројките покажуваат дека повеќе од 95 отсто од луѓето кои починале од коронавирус на континентот, се на возраст од над 60 години.
Но, д-р Ханс Клуж вели дека возраста не е единствениот фактор на ризик за тешка болест, додавајќи: „Самата претстава дека КОВИД-19 влијае само на постарите луѓе е всушност погрешна“.
На конференцијата за печатот на Интернет во четвртокот во Копенхаген, Клуж рече дека „младите луѓе не се непобедливи“ - откако такви слични коментари неодамна имаше и од генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.
Здравствената организација на Обединетите нации вели дека 10 до 15 отсто од луѓето под 50 години кои имаат друга болест, имаат умерена или тешка инфекција.
„Тешки случаи на заболување се забележани кај луѓе во своите тинејџерски години или во 20-тите години, од кои многумина имаат потреба од интензивна нега, а некои за жал починаа“, рече Клуж.
Според него, неодамнешните статистики покажуваат дека 30.098 луѓе се пријавени како починати во Европа, претежно во Италија, Франција и Шпанија.
„Знаеме дека над 95 проценти од овие смртни случаи се случиле кај постари од 60 години“, рече тој, а од нив повеќе од половина се на возраст од над 80 години.
Клуж рече дека повеќе од четири од пет од овие луѓе имаат барем една друга хронична состојба, која била скриена, како што се кардиоваскуларни заболувања, хипертензија или дијабетес.
„Како позитивна нота, пак, е тоа што има извештаи за луѓе над 100 години, кои биле примени во болница за КОВИД-19, но после тоа тие успеале целосно да закрепнат“, вели овој доктор.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





