17 Декември, 2025
0.0962

Студиска програма во Канада за македонските директори

Објавено во: Економија 08 Јули, 2013 11:42

Добивај вести на Viber

Македонска делегација составена од извршни директори и претставници на македонскиот бизнис сектор, предводена од Зоран Мартиновски, Член на Одборот на Директори на Македонија 2025, од 8 до 20 јули ќе има можност да посети голем број канадски компании, како и да ги слуша предавањата за извршни директори на Шулих Школата за Бизнис во Торонто, една од десетте најдобри школи за бизнис во светот.

Македонија 2025 ги покрива школарините на шест македонски извршни директори, кои ќе следат курсеви чии предавачи се експерти од меѓународната бизнис сцена. Заедно со останатиот дел од македонската делегација, ќе имаат можност да посетат неколку канадски компании: Сириус Икс-Ем Канада, Бомбардиер, Телус Интернешнeл, Магна, Мајкрософт Канада итн.

За време на посетите на компаниите присутните ќе имаат можност да се запознаат со претставници на врвниот менаџмент и да се запознаат со начинот на работа на големите западни компании.

Во меѓувреме претставниците на делегацијата ќе имаат можност да учествуваат на многу бизнис настани, чија главна цел ќе биде остварување на бизнис контакти и поврзување со претставници на дијаспората во Канада како и запознавање со потенцијални инвеститори од Канада.

Македонија 2025 искрено се надева дека оваа можност која им е дадена на македонските претставници ќе им овозможи да воспостават значителни бизнс врски и да се стекнат со меѓународно знаење, кое подоцна истите ќе го пренесуваат на своите соработници и колеги, и со тоа ќе се создаваат лидери кои успешно ќе ја водат земјата и ќе придонесат за побрз економски раст и развој.

Можеби ќе ве интересира

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија