16 Јануари, 2025
0.0347

Субрата Рој ќе стане газда и на агрокомбинатот Џумајлија!

Објавено во: Економија 26 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Индискиот милјардер Субрата Рој по инвестициите во Охрид, како што најави влегува и во македонското земјоделство. Фактор дознава дека најверојатно Рој, ќе инвестира и во еден од најголемите агрокомбинати во земјава “Џумајлија”.  Извори за Фактор, велат дека согласно тендерската документација, индискиот бизнисмен најверојатно ќе го добие земјиштето под концесија во следните  35 години. Субрата Рој ќе биде задолжен во агро комбинатот да инвестира 20 милиони евра и во првата година да вработи 200 луѓе. За земјиштето на некогашниот втор по големина агрокомбинат „Џумајлија“, кое беше одземено, откако се прогласи стечај, државата минатата година распиша на оглас за продажба.

Како што дознава Фактор, Субрата Рој најверојатно ќе инвестира и во Студентскиот град во Велес, каде што планирал да влезе преку неговите британски компании.

Инаку, денеска индискиот бизнисмен заедно со премиерот Никола Груевски и министерот за финансии Зоран Ставрески, присуствуваше и на удирањето на камен темелникот на новиот споменик на Мајка Тереза во Скопје на плоштадот Македонија. Останува непознато со кои димензии ќе биде споменикот и кој ќе го изработува. Изградбата на споменикот влезе и во последните измени на Деталниот Урбанистички план за Мал Ринг, каде што според  маркицата за споменикот беше дозволена висина од 32 метри, иако како што дознаваме најверојатно ќе биде висок околу 15 метри и дека е предвидено да има фонтана и неколку мермерни скулптури. Кога се носеа измените на урбанистичкиот план, од општината Центар изјавија дека со изградбата на овој споменик нема да се наруши репрезентативноста на објектите во околината како и фасадниот изглед. Засега останува непознато кој ќе го изработува спомен обележјето, иако најверојатно тоа ќе биде скулпторката Валентина Стефановска, која на јавноста и е позната како автор на спомениците Александар Македонски, Филип и Портата Македонија. Споменикот ќе биде лоциран на плоштадот Македонија, поточно на локацијата меѓу хотелот Мериот кој го гради фирмата Дивелоп Груп и хотелот што треба да го гради грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас.

Пред две недели лично премиерот Никола Груевски, ја овласти министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, да го склучи договорот со компанијата на индискиот бизнисмен Субрата Рој, за изградба на споменикот. Инаку ова е второ спомен обележје посветено на Мајка Терезиа. Пред четери години беше изградена спомен куќата на хуманитарката на улицата Македонија. Милјардерот Рој желбата да донира во изградбата на споменикот ја најави уште минатата година.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања