Субрата Рој ќе гради во Охрид, ама ќе му требаат барем 5 години
Објавено во: Економија 12 Јуни, 2013 20:43
Владата не се откажува од проектот на Субрата Рој, но големиот хотелски комплекс тешко дека ќе биде завршен следните 4 години. Ова го тврди градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачевски кој денеска изјави дека Владата формирала тимови за реализација на проектот на Субрата Рој и за изградба на туристичкиот комплекс во Љубаништа.
„Последен наш контакт како локална самоуправа со Сахара Индија групацијата беше во министерството за транспорт и врски пред два месеци. Владата на Македонија формираше тимови за имплементација на овој проект, и во овој момент се работи на утврдување на легислатива во врска со работите кои треба да се изведуваат. Во овој момент тој проект е во надлежност на Владата на Македонија и се додека не бидеме консултирани за понатамошните активности јас не можам да дадам информации што се случува со овој туристички комлекс“, појасни Бакрачески кој додаде дека верувам во остварување на проектот, но ќе треба да помине време додека да се реализира.
Според највите, индиската компанија во Охрид треба да прави монденски туристички центар на Охридското Езеро кај Љубаништа. Комплексот ќе содржи луксузни хотели, казина, спортски терени, пристаниште, објекти за забава и рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели и казино на вода. Целиот комплекс ќе се простира на површина од 240 хектари.
Контроверзниот бизнисмен, иако беше претставен како милијардер и голем инвеститор, сепак Субрата Рој, на сослушувањето пред регулаторот на пазарот СЕБИ неодамна изјави дека неговиот вкупен имот што го поседува не е поголем од 1 милион долари.
Комплексот пак што тој го најавуваше во Охрид ќе чини стотици милиони евра.Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




