16 Јануари, 2025
0.0260

Субрата Рој: Комплексот во Охрид ќе биде меѓу најдобрите десет во светот

Објавено во: Економија 24 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Индискиот бизнисмен Субрата Рој денеска во Охрид истакна дека туристичкиот комплекс кој ќе се гради на крајбрежјето на Охридско Езеро ќе биде меѓу најдобрите десет во светот.

- Целиот проект пред се е инициран од аспект на бизнис. Нашите заложби не се тоа да биде некој просечен туристички комплекс, туку една дестинација меѓу најдобрите пет до десет од таа област од целиот свет, рече Рој кој од вчера престојува во Македонија.

Тој потенцира дека неговата компанија се што прави го прави големо и така ќе биде и овојпат со овој, како што рече, амбициозен проект од кој ќе имаат полза и двете страни, и Република Македонија и Сахарија Груп.

Како и претходниот пат, изрази воодушевување од климата, од луѓето и повторно тоа го наведе како дел од причините поради кои решил да инвестира.

Неговиот домаќин, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески истакна дека веќе е формиран координативен тим од триесетина експерти, како на надлежните институции во Македонија така и на Сахара групацијата, за да се уредат сите правни, економски, еколошки прашања за да се забрза реализацијата на проектот. Исто така и сите државни институции од областа на заштитата на животната средина со цел проектот да биде еколошки прифатлив како од аспект на заштитата на животната средина, така и од аспект на заштитата на Охридското езеро како богатство заштитено од УНЕСКО.

Комплексот е лоциран на крајбрежјето на Охридско Езеро кај Љубаниште. Ќе содржи објекти за рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели, објекти за забава, казино на вода итн.

Проектот „Сахаријан Македонија“ е проектиран од една од најпознатите светски британски архитектонски компании „Аткинс“ и архитектот Том Врајд кој го има проектирано и грандиозниот и најпознат хотел Буџ Ал Араб во Дубаи, единствен хотел со 7 ѕвезди во светот. Исто така, тие се дизајнери на еден од најлуксузниот и најголем патнички брод во светот - Oasis of the Seas. Имаат дизајнирано луксузни објекти во Русија, Обединетите Арапски Емирати, Сејшелските острови, Индија, Тајланд, Кипар, Индонезија, и многу други земји.

- Планираат во Охрид да има специфичен пловечки хотел со казино, пристаниште, голф терен на многу високи ниво, спа центар, вили кои ќе бидат дадени на продажба. Предложени се хотелски сместувања, конференциски сали, шопинг центри и друго. Предвидуваат и неколку оргинални и ексклузивни содржини за кои можеме да напоменеме дека ќе ги има само во овој комплекс, односно на Охридското Езеро и никаде на друго место во светот, информираа од Министерството за финансии.

Инвестицијата од Субрата Рој, посочуваат, ќе ја продолжи туристичката сезона во Охридскиот регион да биде 365 дена во годината, ќе креира и илјадници работни места и ќе го поттикне градежништвото и други индустриски дејности во земјава.

За време на посетата Субрата Рој ќе разгледа и други инвестициски можности во земјава во областа на земјоделството, туризмот и други економски сектори.

При престојот во Македонија пред Субрата Рој  ќе бидат претставени можностите за инвестирање и во областа на земјоделството, туризмот и други економски сектори.

Во рамки на посетата претседателот на индиската компанија „Сахара Индија Паривар“ ќе престојува и во Скопје и Охрид.

Инаку, Рој веќе ја договри и зделката за купување на хотелот Славија каде ќе  бидат сместени неговите архитекти и работници. Дека индиската компанија Сахара Индија Паривар на чело со Субрата Рој ја купи Славија, за Фактор потврди досегашниот сопственик Владо Рувинов. “Точно, индискиот бизнисмен Субрата Рој стана сопственик на хотелот Славија. Можам да кажам дека четиримесечните последни преговори вродија со плод. Субрата Рој дефинитивно го купи хотелот со најубава локација на Охридското крајбрежје. Сакам да искажам огромна благодарност до премиерот Груевски, до министерот Ставрески и до директорот Мизо за се што до сега направија, што во земјава донесоа сериознен инвеститор како Субрата Рој. Со ова, но и со реализацијата на грандиозниот проект на Субрата Рој во Љубаништа мислам дека ќе се прероди и Охрид и Македонија“, изјави за Фактор Рувинов.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања