Добивај вести на Viber
Следната недела индискиот бизнисмен Субрата Рој доаѓа во посета на земјава. Според најавите, во среда и четврток тој со претставници на Владата, ќе престојува во Охрид и Скопје каде ќе разговара за деталите за туристичкиот комплекс во Љубаниште, намерата за изградба на објектот посветен на Мајка Тереза на скопскиот плоштад, како и за други можни инвестиции. Компанијата Сахара меѓу другото е заинтересирана и за земјоделството и достави предлог проект за комбинатот Џумајлија. Ова ќе биде трета посета на челникот на Сахара груп на Македонија.