05 Декември, 2025
0.0320

Субрата Рој ќе се враќа во Македонија, бара уште земја во Љубаништа

Објавено во: Македонија 02 Јули, 2013 20:35

Добивај вести на Viber

Субрата Рој и покрај проблемите и сериозните финансиски обвинувања во родната Индија, идната недела ќе допатува во Македонија за да продолжи со инвестирање во Охрид. Исто така компанијата на индискиот бизнисмен  „Сахара Индија Паривар“, од локалната самоуправа побарала и дополнителни 17 хектари земјиште во Љубаништа, за да има доволно простор за луксузниот туристички комплекс кој сака да го гради. Ова го потврди охридскиот градоначалник Никола Бакрачески кој денеска се сретнал со неколку петставници од индиската компанијата. На кратката средба, откри Бакрачески која било изнесено барањето,  со објаснување новите 17 хектари им требаат поради сместувачките капацитети за сервисниот персонал што ќе го опслужува комплексот. „На 11 и 12 јули во Охрид ќе престојува и самиот сопственик на групацијата , Субрата Рој, кој очекувам дека ќе ми ги соопшти сите поединости околу текот на подготовките за реализација на проектот, кои верувам ќе течат во најдобар ред и дека до 2020 комплексот ќе биде изграден“, изјави за медиумите Бакрачески. Според најавите, во Охрид Субрата Рој ќе организирана свечена вечера за премиерот Никола Груевски и останати високи владини претставници, а поканети ќе биле и повеќе дипломати меѓу кои американскиот и англискиот амбасадор. Претходно охридскиот градоначалник уверување дека владата не се откажува од проектот на Субрата Рој, но најави дека големиот хотелски комплекс нема да биде  завршен во првиот негов мандат од 4 години. Според плановите, индиската компанија во Охрид треба да гради монденски туристички центар со луксузни хотели, казина, спортски терени, пристаниште, објекти за забава и рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели и казино на вода на површина од 240 хектари.

Субрата Рој, иако беше претставен како милијардер и голем инвеститор, сепак на сослушувањето пред регулаторот на пазарот СЕБИ изјави дека неговиот вкупен имот што го поседува не е поскап од 1 милион долари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите