17 Декември, 2025
0.0395

Субрата Рој смета дека работите за бизнис се созреани, монденскиот туристички центар ќе биде гордост на Охрид

Објавено во: Економија 11 Јули, 2013 07:37

Добивај вести на Viber

Индискиот милијардер денеска ќе го шета Охрид, а ќе отиде и до Љубаништа, местото каде планира да го изгради еден од десетте најлуксузни туристички комплекси во светот. Полна агенда има индискиот бизнисмен Субрата Рој во Македонија. Тој е овде со фамилијата, многубројна делегација од претставништата кои неговата компанија „Сахара Индија Паривар“ ги има низ целиот свет. Во Охрид е и неговиот постар син кој во земјава допатувал со своите пријатели. Охриѓани тријат раце, очекуваат финасиска корист од индиската окупација на Охрид, а инвестициски зделки веројатно очекуваат и македонските власти. Претседателот Иванов ќе го носи Рој на Охридско лето Утре тимот на групацијата  „Сахара Индија Паривер” предводена од Рој ќе остварат средба со министерот за финансии Зоран Ставрески, а в сабота ќе се сретнат и со премиерот Никола Груевски. Субрата Рој ќе присуствува и на отворањето на фестивалот „Охридско лето” како гостин на претседателот Горѓе Иванов. Во сабота на плажата пред хотелот “Славија”  индискиот бизнисмен ќе  организирана и свечена вечера, на која според планот треба да настапат индиски музичари. Индијците слетаа во Охрид со два приватни авиони Индискиот бизнисмен Субрата Рој вчера дојде во Охрид. Индијците на охридскиот аеродром слетаа со два приватни авиони. Во едниот Субрата Рој со менаџерите на компанијата “Сахара Индија Паривер”, а во другиот неговиот син со семејството со пријателите. Членовите на бизнис делегацијата ќе бидат  сместени во три различни хотели.  “Славија”, “Гранит” и “Инекс Горица”. „Јас се вљубив во оваа земја, затоа сум тука. Ја сакам за бизнис, но и за престој. Овој пат со мене има голема делегација. Многу одлуки треба да се донесат, многу работа треба да се започне. Мислам дека работите веќе се созреани,  повеќе созреани за бизнис напредок.  Можам само да кажам дека ние сме тука  со големи планови и големи амбиции, но се во свое време. Ја сакам оваа земја, Ве сакам вас “ изјави Субрата Рој веднаш по слетувањето. Љубаништа луксузен туристички центар на брегот на Охридското езеро Според плановите, индиската компанија на милјардерот Рој во Охрид треба да гради монденски туристички центар со луксузни хотели, казина, спортски терени, пристаниште, објекти за забава и рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели и казино на вода на површина од 240 хектари. Инаку, компанијата на индискиот бизнисмен  „Сахара Индија Паривар“, од локалната самоуправа веќе побарала и дополнителни 17 хектари земјиште во Љубаништа, за да има доволно простор за луксузниот туристички комплекс кој сака да го гради. Ова го потврди охридскиот градоначалник Никола Бакрачески според кого новите 17 хектари на индијците  им требале за изградба на сместувачките капацитети за сервисниот персонал што ќе го опслужува комплексот. М.И.

Можеби ќе ве интересира

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија