06 Декември, 2025
0.0637

Субрата Рој утре доаѓа во Македонија

Објавено во: Економија 22 Јануари, 2013 14:53

Добивај вести на Viber

Во дводневна посета на Охрид утре треба да допатува индискиот бизнисмен Субрата Рој, на средби со македонското раководство во врска со неговите намери да инвестира во туристички комплекс на Охридското Езеро, како и за изградба на објектот во спомен на Мајка Тереза во Скопје.

Милијардерот Рој на аеродромот „Св. Апостол Павле“ е предвидено да го пречека министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески, кој ќе го придружува гостинот за време на посетата на Охрид и Скопје.

Се очекува Рој да ја посети локацијата каде е предвидена изградбата на туристичкиот комплекс, како и да оствари разговори со претставници на Владата во врска со евентуалните можности за други економски инвестиции, меѓу кои и во областа на земјоделството.

Предвидено е два дена да престојува во Охрид, а посетата на Македонија да ја заврши со престој на Скопје в петок.

Компанијата „Сахара Индија Паривар“, чиј сопственик е милијардерот Субрата Рој, достави предлог за изградба на суперлуксузен туристички комплекс  „Сахаријан Македонија“, иницијално замислен да биде лоциран кај автокампот „Љубаништа“ на површина од 240 хектари. Комплексот предвидува повеќе содржини, луксузен хотел на вода и апартмани од највисока класа, вили, бунгалови, марина, приватни плажи, казина и голф-терени. Проектот го изработи светски познатата проектанстка куќа  „Аткинс“ од Лондон, според најавите со највисоки еколошки стандард

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?