Субрата Рој во Македонија, Охриѓани загрижени, домаќинот задоволен!
Објавено во: Економија 23 Јануари, 2013 20:29
Најавата за индиската инвестиција во Македонија се појави истовремено со информацијата дека Министерството за транспорт и врски размислува да гради аеродром на вода во Охридското Еверо. Случајно или не, доаѓањето на Субрата Рој сенеска во Македонија се поклопи со разгледувањето на новиот Предлог законот за дополнување на Законот за внатрешна пловидба, по скратена постапка во Собрнието, со кој се создава правна регулатива за функционирање аеродром на вода.
Предлогот секако ја доби поддршка од собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија, а со него целосно се уредува обележувањето подрачје на аеродром на водена површина, начинот на полетување, слетување, маневрирање и оперирање во границите на аеродромот на таква површина, како и местата, начинот и условите за слетување на хидроавион вон аеродромот на водена површина.Според образложението од Министерството за транспорт и врски Предлог законот има за цел создавање услови за зголемување на туристичката понуда со нови содржини атрактивни за туристите во државава.
Кои се плановите на Субрата Рој во Македонија?! Според најавите деталите од посетата и бројните состаноци ќе бидат соопштени утре. Она што е официјално потврдено е тоа дека Индиецот ќе се сретне и со претставници на Владата каде ќе разговара за можностите за други економски инвестиции, меѓу кои покрај туризмот се споменуваат земјоделството и филмската индустрија. Како што објави порталот Охрид Њуз, индискиот бизнисмен треба да го посети и хотелот „Славија Спектар“, за кој претходно беше кажано дека исто така е во сферата на интересите на компанијата „Сахара Индија Паривар“. И регионот околу Галичица беше предмет на интерес на Индиецот. За време на минатат посета на Македонија, освен за во Охрид, бил заинтересиран и за изградба на хотелски комплекси во регионот на Преспа, поточно од другата страна на Галичица. Тогаш директорот на Дирекцијата за технолошко- индустриски развојни зони, Виктор Мизо, изјави дека со оглед на тоа што се работи за другата страна на Галичица, можно е Субрата Рој да планира да ги поврзе со изградба на ски-центар на планината. По завршувањето на посетата на Охрид, Индиецот во петок заминува за Скопје, каде ќе присуствува на поставувањето на камел темелникот за спомен обележјето на Мајка Тереза, кој ќе биде негова донација за градот. Ј.Ј.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





