Субвенции за струја за семејствата погодени од Ковид: Се бараат пари
Објавено во: Економија 30 Октомври, 2020
Регулаторната комисија за енергетика не отстапува. Ја проширува акцијата и бара државата да дозволи повеќе граѓани кои се погедени од ковид кризата да добиваат субвенции, олеснувања за заштита од енергетска сиромаштија. Барањето е по зголемувањето на цената на електричната енергија, но најмногу со продолжувањето на економската криза, а како сугестија од европската енергетска заедница – Владата во специфични услови мора да гарантира дека секој граѓанин има струја, вода и затоплување. Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски вели дека ова барање е дадено претходно но дека сега се интензивираат активностите. Во тек е подготовката на буџетот за следната година, со што повеќе пари за оваа намена треба да бидат поместени во проекциите за следната година.
И претходно сум споменал, сега се интензивира акцијата и се бара зголемување на опфатот на ранливи домаќинства кои ќе добиваат олеснувања за заштита од енергетска сиромаштија. Моментно тоа се само корисниците на социјална помош, но тоа не е доволно. Во услови на ковид криза таа категорија граѓани која има потреба од помош се зголеми и таква социјална заштита е потребна, рече Бислимовски на он лајн дебата организирана од Стопанската комора.
Бислимовски им ја потенцираше неодамна идејата и на синдикалните лидери со кои имаше средба. Сега извесно е дека вакво расположение има и кај Владата со што најверојатно ќе се прошири листата на семејства кои добиваат помош.
Македонија ја имплементираше целокупната потребна легислатива и го реформираше електро-енергетскиот сектор во согласност со третиот енергетски пакет. Националната легислатива опфаќа и правила кои се однесуваат на енергетска сиромаштија во која се дава можност на државата да субвенционира дел од сметките за струја за најранливите категории. Мерката би била привремена и најмногу би се однесувала на граѓаните кои имаат проблем со примањата поради Ковид.
Инаку Бислимовски вели и дека гарантарината топлинска енергија за граѓаните е тешко одржлива во некои објекти поради тоа што доста од нив не се енергетски ефикасни. Вели дека има некои згради во кои со истата испорачана енергија, кај корисниците дома е по 20 степени, кај други згради по над 25 степени. Гарантираната топлнина е 21 степен, но Бислимовски спомена дека има тенденција во европските земји тој степен да се намалува. Така моментно било во Германија каде се гарантира 19 степени.
А.Т.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.