19 Декември, 2025
0.1338

Субвенционирањето на сончевите колектори да биде континуирано, бараат експертите

Објавено во: Економија 16 Мај, 2013 16:10

Добивај вести на Viber

Субвенционирањето на сончевите колектори за добивање топлинска енергија да биде континуирано, а не еднаш годишно, сугерираат експертите. Така, според нив, ќе се стимулира користењето на соларното зрачање, а тоа ќе ја намали потрошувачката на струја.

Како што беше речено на денешната расправа во Стопанската комора, мора уште многу да се работи на подигање на свеста за бенефитот од соларната енергија.

- Македонија користи минимум сончево зрачаење за добивање топлинска енергија иако спаѓа во земјите со исклучително поволни услови, најдобри во регионот. Годишно имаме 1.450 до 1.700 киловат часови на метар квадратен соларна енергија, но, свесноста за нејзина употреба е многу ниска, рече проф. д-р Илија Насов, претседател на Соларната асоцијација на Македонија.

Австрија и Германија, додаде, имаат многу помалку сончево зрачење, но десетици пати поголема искористеност.

Според Насов, едуциран кадар имаме, архитекти, проектанти, градежни работници, инсталатери, но соработката меѓу нив треба да се интензивира. Нужно е и банките да обезбедат поволни кредити.

- Особено е битно потенцијалните вложувачи да знаат дека инвестицијата во сончевите колектори за топлинска енергија ќе им се врати за максимум четири до пет години, посочи професорот.

Директорот на Агенцијата за енергетика Лазар Гечевски укажа на потребата од максимално искористување на покривите и фасадите.

- Сончевата енергија за нашата држава е благодет. Македонија е втора земја во светот по Калифорнија со најквалитетeн пик и тоа треба да се искористи независно дали за топлинска или за електрична енергија, истакна Гечевски.

Одговорајќи на новинарски прашања, Гечевски рече дека со новата владина уредба која ја намали цената на струјата добиена од обновливи извори, повратот на инвестицијата во колектори, наместо 5 до 6 години се зголеми на 7 до 8

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар