Субвенции од 1 милион евра за привлекување странски туристи
Објавено во: Економија 09 Јануари, 2013 11:25
За развој и промоција на туризмот во 2013 година се одвоени 148 милиони денари, соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Тој посочи дека со ова за 2,5 пати се зголемуваат средствата во споредба со 2012 година кога беа проектирани 60 милиони денари.Според Ѓорѓиев, привлекувањето странски туристи ќе се субвенционира со еден милион евра, додека 53 милиони денари ќе бидат наменети за конвенционално промовирање на Македонија како атрактивна туристичка дестинација.
Ѓорѓиев напомена дека се одвоени средства и за електронска промоција преку неконвенционални медиуми со цел да се промовира туризмот кај помладата популација.Три милиони денари ќе се потрошат за промоција на туризмот во Македонија кај таканаречените транзитни туристи, кои летно време патуваат од Источна Европа во Грција, а зимно време од Грција во Европската унија.Согласно Програмата што е веќе усвоена од Владата, Агенцијата за промоција на туризмот е обврзана годинава да овозможи претставување на земјата на 18 најголеми саемски манифестации меѓу кои во Москва, Виена, Турција, Индија, Кина, САД и други региони, потсети портпаролот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





