Судењето на Божиновски одложено - процесот ќе го води друга судијка
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2016
Одложено е денешното рочиште на кое прв исказ во случајот „Шпион“ требаше да даде новинарот Зоран Божиновски.
Процесот е одложен, а судијката Сандра Крстиќ се повлекува од лични причини. Таа побарала замена и на нејзино место судот ја постави судијката Ленка Давитковска.
Кога Божиновски ќе даде исказ, засега не се знае.
Божиновски штрајкува со глад поради неоправдано продолжување на притворот и одолжување на судскиот процес.
Здружението на новинари на Македонија , минатата недела информираше дека Божиновски започнал штрајк со глад на 14 септември.
Божиновски се товари за шпионажа, злосторничко здружување и уцена. Тој е во притвор од 21 април, кога беше екстрадиран од соседна Србија каде живееше некое време.