Судењето на Павле Богоевски одложено по изборите
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2016
Поради проучување на вештањето рочиште за судењето на активистот на „Шарена револуција“, Павле Богоевски се одложи по втор пат .
Новото рочиште е закажно за 21 декември затоа што адвокатот на обвинетиот побара разумен рок да го анализира доказот што денеска беше додаден во листата на докази.
Доказот е вештачење од Бирото за судски вештачења за вредноста на предизвиканата штета врз Министерството за култура.
Наместо Богоевски, кој е и кандидат за пратеник на листата на СДСМ во првата изборна единица, изјава даде неговиот колега од „Шарената револуиција“, Демијан Хаџи-Ангелковски.
Хаџи-Ангелковски вели дека со одложување на рочиштето продолжува голготата на Богоевски во „корумпираниот судски систем“.Пред почетокот на судењето, пред Кривичниот суд беа собрани група луѓе во знак на поддршка за активистот Богоевски.