Судија-поротник заминува во Германија, се одложи пресудата за Еразмус

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2020
Пресудата за случајот Еразмус во која е обвинет за земање мито за полагање испити поранешниот декан на Економскиот факултет, Бобек Шуклев, неколкумина професори и демонстратор нема да биде соопштена на 3 февруари затоа што судија-поротник заминува да работи во Германија.
Судечкиот совет бил известен од поротникот дека за седум дена заминува да работи во Германија, па судењето ќе мора да почне од почеток. Ова го соопшти судијата Владимир Туфегџиќ пред почетокот на денешното рочиште на кое требаше да има завршни зборови. Бо моментов е испратено барање до претседателот на судот за назначување на нов судија поротник.
- Еден од членовите на судиите поротници го извеси претседателот дека најдоцна за седум дена нема да биде во Македонија во период до јули 2020 година бидејќи има работна виза во Р. Македонија каде треба да отпочне да работи. Ваквата состојба советот смета дека влијае врз постапката врз процесен карактер. Од тие причини, советот ќе се обрати до претседателот на Кривичниот суд за определување на нов судија поротник за да продолжи постапката, бидејќи советот цени оти во рок од 7 дена за кои е најавено заменување нема услови за давање на завршни зборови, а потоа е потребно и доволно време на судечкиот совет за анализа на доказите. Рокот од 7 дена е прекраток за постапување, имајќи го в предвид предметот, соопшти Туфегџиќ.
Наместо пресуда, судењето ќе почне од почеток, но со согласност на одбраната доказите само ќе се прочитаат и нема да бидат изведувани, па тогаш може да бидат дадени и завршните зборови.
Обвинителството за организиран криминал го отвори предметот „Еразмус“ е отворен во јуни 2016 година, а професорите Бобек Шуклев, Славе Ристески, Драган Јанев и Стојан Дебарлиев се сомничат дека барале и примале поткуп од 500 до 1.000 евра за да им пишат преодна оценка за положен испит на студенти без знаење.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КАСАМИ: Не само грбот туку и химната треба да се менува

Македонец во Стејт Департментот молел да не падне владата на Груевски

БОРИСОВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА БУГАРИ ВО УСТАВОТ: Toa e aпсолутна првокација

ЗАПЛЕНЕТИ НАД 188 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА „ТЕШКА“ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - Царина и БЈБ со детали за стопираниот извоз на дрога

Обвинителството нареди вонреден надзор над загадувачите на воздухот во Скопје

ГОЛЕМИТЕ СИНЏИРИ МАРКЕТИ ЗАРАБОТИЈА КАЗНИ ОД ВКУПНО 82 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД АХВ - нехигиенски држеле и продавале месо, а имало и со поминат рок
