Судири меѓу Тајланд и Камбоџа - имаат спорна погранична област
Објавено во: Свет 24 Јули, 2025 16:23
Вооружени судири избија рано утрово меѓу Тајланд и Камбоџа, соопштија армиите на двете земји.
Тајландската војска во соопштението наведува дека вооружените сили на соседната Камбоџа отвориле оган врз спорната погранична област во близина на храмот Та Моан Том, на околу 360 километри од главниот град Бангкок.
Поранешниот камбоџански лидер Хун Сен рече дека земјата „нема друг избор освен да се брани“ од Тајланд, апелирајќи до граѓаните да останат смирени и да избегнуваат панично купување.
„Инвазија. Тајландската армија објави дека денес ќе го затвори влезот во храмот Та Моан Том, што беше наредено вчера, а тајландските војници сега почнаа да ја напаѓаат камбоџанската армија. Камбоџанската војска нема друг избор освен да се соочи и да возврати“, додаде тој.
Во подоцнежна објава, тој рече дека учествувал во воени команди преку видео врска, откако се појавија гласини дека ја напуштил Камбоџа и заминал во Кина.
Тој, исто така, ги повика Камбоџанците да продолжат да работат нормално „освен во пограничните области на провинциите Одар Минчи и Преах Вихер, кои беа нападнати од тајландската армија“.
„Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа прво мора да престанат пред да можат да започнат преговорите“, изјави денеска привремениот премиер на Тајланд, Фумтам Вечајачаи, како што објави Ројтерс.
И Тајланд и Камбоџа се рангирани меѓу најпријателските земји во светот, а само пред пет години, овие соседи од Југоисточна Азија веруваа дека нивното пријателство не може да се раскине, наведе „ТАЈМ“.
EPA/NARONG SANGNAK
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




