20 Декември, 2025
0.0394

SunWireless со нови 1500+ хотспотови се проширува во Шпанија

Објавено во: Мои пари 27 Ноември, 2013 14:20

Добивај вести на Viber

SunWireless со задоволство објавува дека потпиша договор со водечкиот шпански и еден од најголемите светски Wi-Fi оператори - GOWEX, со кој на своите корисници ќе им овозможи нови над 1500 хотспотови кои ќе можат да ги користат кога ќе ја посетуваат Шпанија. Истовремено, со овој договор и корисниците на GOWEX кога ќе престојуваат во Македонија ќе можат да се логираат на сите SunWireless хотзони. Душко Кончалиев, еден од сопствениците на SunWireless, по повод потпишувањето на договорот изјави: “Ние сме многу задоволни што добивме партнер како GOWEX, кој претставува еден од најголемите глобални играчи на телекомуникацискиот пазар, со што ја продолжуваме нашата мисија да обезбедиме најдобра услуга за нашите клиенти и партнери. Исто така, привилегија е што токму Шпанија е првата земја за нашето ширење надвор од регионов“ Извршниот директор на GOWEX, Хенаро Гарсија, се надоврза: “Партнерството со SunWireless ни овозможува одлична основа за нашето понатамошно ширење во Југоисточна Европа и сме многу среќни што имаме можност да соработуваме со партнери кои ќе ни овозможат дополнителен развој на нашите роаминг и адвертајзинг платформи и во овој дел од Европа “ Со овој договор клиентите на SunWireless добиваат можност да користат безжичен интернет на многу јавни локации низ Шпанија, вклучително и најголемите плоштади, хотели, аеродроми, ресторани, кафе барови, трговски центри и возилата за јавен превоз.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии