Супер трик со алуминиумска фолија зад радијаторите за топла зима
Објавено во: Стил 17 Октомври, 2022
Ледената зима која трае долго може да биде малку потопла ако користите паметен и едноставен трик со фолија за кој зборуваат милиони луѓе. А особено е добредојден во време на скапа струја и високи сметки за греење.
Трикот е многу едноставен - ставете обична алуминиумска фолија зад радијаторот, така што ќе ја рефлектира топлината и ќе го прави станот или куќата уште потополи. Ова е особено добар трик за сите луѓе кои се греат на електрична енергија, бидејќи на овој начин можат да ја намалат потрошувачката на електрична енергија.
Сè што треба да направите е да земете едно парче подебел картон, доволно голем за да ја покриете целата површина зад радијаторот. Потоа неколку пати добро завиткајте го картонот во алуминиумска фолија, а завитканиот картон ставете го директно зад радијаторот. Можете исто така да го закачите и на ѕидот.
Познато е дека алуминиумската фолија ги рефлектира светлината и топлината, така што станот ќе биде потопол, бидејќи дел од енергијата што на овој начин нормално ја трошите на непотребно греење на ѕидот, поминува во станот.
Иако во некои продавници може да се добијат веќе подготвени картони со алуминиумска фолија, оние што ја испробале финтата велат дека нема потреба да се фрлаат пари, затоа што нашата обична, кујнска фолија ја завршува работата доста добро.
Најголемите придобивки од ова ќе ги почувствуваат луѓето кои немаат најдобра изолација во надворешните sидови. Греењето на фолија работи со сите видови радијатори.
Фото: unsplash
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.