17 Декември, 2025
0.0959

СУСПЕНЗИЈА: Полицајците кои го тепаа братот на Вучиќ нема да поминат неказнето?

Објавено во: Балкан 29 Септември, 2014 19:13

Добивај вести на Viber

Иако српскиот премиер Александар Вучиќ вчера најави дека неговиот брат Андреј нема да поведе постапка против припадниците на српската Жандармерија кои го претепаа него и припадниците на премиерското обезбедување, вчера, сепак министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ наредил итно да се спроведе истрага со која ќе се откријат полицајците кои употребиле пркеумерна сила. Припадниците на Жандармеријата кои учествувале во инцидентот најверојатно ќе бидат суспендирани додека трае истрагата против нив. „Во консултација со командантот на Жандармеријата и директорот на полицијата наредив да се спроведе истрага. Ќе имаме извештај што се случило и веројатно ќе ги суспендираме тие луѓе до завршувањето на истрагата. Само мораме да ги идентификуваме, според снимката, сите кои учествувале во инцидентот“, вели Стефановиќ. Тој не сакал да открива детали од инцидентот што се случи вчера за време на Парадата на гордоста во Белград, но наведе дека станувало збор за единица од Ниш. „Не мислам дека постои оправдување за такво однесување. Од снимките се гледа дека тие ја пречекоруваат нужната употреба на сила кон лица кои не употребуваат таква сила кон полицајците и за тоа нема оправдување“, вели Стефановиќ. Ова е снимката што ќе се користи во истрагата: (ВИДЕО) Погледнете како полицијата го претепа братот на српскиот премиер Вучиќ!

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни