26 Април, 2024
0.0405

СВАДБИ СЕ МОЖНИ ОД ПРВИ ЈУНИ - само на отворено, без маски и по шестмина на маса?

Објавено во: Економија 07 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Има ли шанси, после повеќе од една година, да се дозволи организирање на свадби веќе од први јуни.

Последниот забор за ова прашање ќе го има Комисијата за заразни болести на 15 мај.

Таа ќе треба да одлучи дали ќе одговори позитивно на барањето на угостителите овие прослави конечно да почнат да се организираат во земјава, но и дали ќе ги прифати протоколите што ќе ги предложат организаторите.

Она што е зрак на надеж, е што на овие угостители за прв пат им е кажано дека воопшто ќе се разгледува прашањето за нивно отворање, односно организирање на прослави.

„Ова е за прв пат, на средбата со вицепремиерот Фатмир Битиќи, да ни биде кажано дека ќе се разгледува прашањето да се отворат рестораните за организирање свадби. Досега такво нешто воопшто не ни беше ни најавувано, ова е прв пат тоа да се случи. Но, сепак, конечниот збор ќе го има Комисијата за заразни болести, ависно од епидемиолошката состојба“, вели Мартин Ангеловски, потпретседател на Туристичко угостителската комора при ССК.

Тој очекува, доколку Комисијата за заразни болести даде позитивно мислење на 15 мај, да се дозволи вакво работење на објектите веќе од почетокот на јуни. Дотогаш би се одредувале протоколи кои би важеле за нивното функционирање, кои исто така треба да добијат согласност од Комисијата.

Се уште не е одлучено кои протоколи би важеле. Ангеловски вели дека тие дополнително ќе се договараат, и не значи дека ќе бидат исти со она што досега го предлагале организаторите на свадби. Но, протоколите ќе зависат од тоа каква во тој момент ќе биде епидемиолошката состојба со коронавирусот, дали во тој период ќе важи полициски час или ќе бие укинат, дали ќе има ограничување и до колку часот на работењето на другите угостителски објекти, односно кафулињата и рестораните.

„Ние досега три пати предлагавме различни видови протоколи, кои зависеа од тогашната состојба. Сега ќе биде истото, тие ќе зависат од условите кои тоагаш ќе важат, дали ќе има полициски час, до кога биде дозволено да работат другите локали и слично. Во моментов со колегите се уште разговараме и се консултираме какви протоколи да предложиме“, објаснува Ангеловски.

Она што е извесно, е дека организаторите на свадби ќе бараат гостите да бидат по повеќе на маса, а не по четворица, како што важи за другите угостителски објекти.

„Ќе бараме да се дозволи на маса да седат повеќе луѓе, нема логика да бидат четворица, иако тоа е во ред за обичните ресторани. Но, нашите свадбарски маси се големи, од 1,8 до 2 метра, и сосема логично и безбедно е на нив да седат најмалку по шест лица“, вели Ангеловски.

Исто така, извесно е дека на стартот, сега, би се дозволило свадби да се организираат само на отворено. Значи, тоа ќе мора да биде на терасите и никако во затворените простории на објектите, всушност истото што важи и за сите други локали.

Маски во никој случај нема да се носат. Таков предлог, впрочем, никогаш и немало од организаторите, а и факт е дека маски не се носат ниту во другите угостителски објекти, за кои неодамна се дозволи да работат само на отворено, а од скоро работното време им се продолжи до 22.30 часот.

Инаку, вцепремиерот Битиќи со кого овие угостители имаа средба, рече дека актуелните протоколи за работа на угостителските објекти важат до 15 мај. Потоа, како што нагласи, согласно препораките на Комисијата за здравство, ќе се знае што понатаму.

„Во овој момент очите се свртени кон Комисијата за здравство и тоа ни е единствената точка според која ги носиме економските одлуки. Со последната одлука на Владата им дозволивме на угостителските објекти кои се категоризирани за организирање настани да работат под истите услови како што работат и сите други угостителски објекти, а тоа е да работат на отворени тераси и според протоколите. Вчера зборувавме за евентуално дополнително прилагодување на протоколите за работа на оваа категорија на угостители“, рече Битиќи.

Тој изрази надеж дека кризата предизвикана од коронавирусот полека ќе стивнува и дека ќе се намали притисокот кај здравствените работници.

Инаку, на тој состанок, угостителите за организирање свадби побарале и финансиска помош од државата за месеците во кои се затворени, со образложение дека новиот пакет не им е од голема помош. Во моментов се ставени во мирување протестите на организаторите на настани и прослави.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9