05 Декември, 2025
0.0308

Свечено сечење лента за индустриската зона во Штип – најава за нови инвестиции

Објавено во: Македонија 23 Август, 2013 20:40

Добивај вести на Viber

37 парцели чекаат свои инвеститори во новата индустриска зона во Штип која денеска свечено беше пуштена во употреба. Откако во март 2010, лично премиерот Никола Груевски ја фрли првата лопата на камен темелникот, три години подоцна сечеше лента, заедно со вицепремиерот Зоран Ставрески и директорот на Дирекцијата за технолошко- индустриски развојни зони (ТИРЗ) Виктор Мизо. „Пред неколку години, кога го стававме камен-темелникот на оваа индустриска зона имаше доста скептици. Денес само можеме да порачаме дека зоната е веќе реалност како и првата фабрика во неа. Комплетно ја уредивме зоната со површина од 206 хектари. Во неа е изграден пат во должина од 2,2 километри, донесена е вода доволна за потребите на сите фабрики кои ќе се градат тука, изградена е трафостаница која гарантира сигурно и безбедно напојување со електрична енергија, изградена е канализациска мрежа. Со гордост можеме да кажеме дека веќе сме ја изградиле и пуштиле во употреба најголемата технолошко-индустриска развојна зона во државата“, изјави Груевски. Инаку во зоната веќе работи еден од инвеститорите - Џонсон Контролс. „Владата продолжува да инвестира во сите 14 индустриски зони. Кон средината на ноември ќе почне изградбата на зоните во Струмица, Радовиш и во Струга за кои проектите се веќе готови, за зоната во Тетово направен е договор за јавно приватно партнерство за нејзината изградба, на ист начин Владата работи на зоните во Берово и Пехчево, односно Делчево и Македонска Каменица, но и на сите други зони во државата“, забележа премиерот. Според Виктор Мизо пак, директор на дирекцијата на ТИРЗ, лани фабриките од индустриските зони ствариле 20% во вкупниот извоз од земјава или 62 милиони евра. Годинaва Мизо предвидува извоз од 72 милиони евра и околу 2.100 вработени вкупно во овие фабрики. ТИРЗ Штип е со вкупна површина од 208 хектари се наоѓа северо-западно од градот Штип, на влезот од градот од правец на Скопје.  ТИРЗ Штип има патна поврзаност со Скопје и Кочани преку магистралниот пат М5, а се најавува дека ќе биде поврзана и со планираниот карго аеродром во Штип преку магистралниот пат М6. На 2,5километри се наоѓа железничката станица, а најблискиот меѓународен аеродром е Александар Велики во Скопје на 75 километри, додека солунското пристаниште е оддалечено 225 км.  Властите тврдат дека освен Џонсон Контролс,има и други заинтересирани инвеститори.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите