Сведочење за 27 април: Се изгубив во Собранието, па влегов таму каде што тепаа пратеници
Објавено во: Македонија 13 Мај, 2020
Антонио Кочков, припадник на ВМРО-ДПМНЕ кој претходно сведочеше на судењата за претепувањето на Зијадин Села и за упадот на 27 април во Собранието, денеска повторно беше во улога на очевидец во кривичниот суд но овој пат за организирањето на „крвавиот четврток“, при што рече дека во законодавниот дом отишол да се види со луѓе од партијата кои претходно му помогнале.
- Имавме вибер група преку која комуницираме и каде се кажуваше кога и каде треба да се собереме, изјави сведокот. Влегов во Собранието во салата. Бидејќи беше многу топло и веќе ме видоа дека сум присутен, сакав да си одам. Кога си одев, се качив по едни скали нагоре, зошто не знаев како да излезам. После се спуштив надоле свртев лево и всушност влегов во салата каде ги тепаа пратениците, рече сведокот на рочиштето.
Сведокот на барање на обвинителката Вилма Рускоска да каже со кој требало да се види, рече дека имало луѓе од партијата кои му помогнале и сакал да им се заблагодари и да ги поддржи.
– Јас знам дека ВМРО-ДПМНЕ јавно ги поддржуваше протестите. Тоа беше и на телевизија. Јас не знам да кажам дали ги организирале или ги поддржувале само, изјави сведокот.
Судењето за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието продолжува на 15 мај годинава, кога треба да бидат сослушани сведоците Стефан Младеновски и Весел Мемеди. Претходно сведочеше премиерот Оливер Спасовски, кој рече дека Трајко Вељаноски како спикер на самиот ден на 27 април не прифатил промена на дневниот ред и да се премине на точката за избор на претседател на Собранието.
Судскиот процес го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.