„Свети Трифун“ дојде, а лозарите уште не можат да си ги земат парите од визбата Винеа!
Објавено во: Агробизнис 14 Февруари, 2013 07:47
„Винеа“ е последната винарска визба што има обврска кон лозарите, винарската визба Повардарие сеуште го иплаќа грозјето о 2012 година, а ругите винарии веќе имаат авршено со иплатата.Според новите измени на Законот за вино,сите откупувачи е должни да ги исплатата количините грозје од тековната година до 30-ти април.
Македонија има над 40 милиони евра девизен прилив од лозарството
Лозарството е една од главните извоно ориентирани гранки во земјава. Последните години не може да е пофалиме со зголемување на на лозовите површини, кои од некогашните 27.000 хекатри сега е намалени на близу 20.000 хектари. Едноличниот сортимент и староста на насадите остануваат рак рана на оваа земјоделска гранка, иако Македонија има идеални услови за производство на високо квалитетно грозје и вино, кое е барано на странските пазари. Најзастапени сорти се смедеревката и вранецот. Во земјава има над 80 винарски визби. Поголемите винарии имаат свои насади и постојано вложуваат во сортиментот на грозјето, новите технологии за производство на квалитетно вино, а и лозарите кои имаат склучено договор со нив имаат обврска да произведуваат квалитетно грозје.
Цената на смедеревката изнесува 10 денари за килограм, за вранеот 12 денари за килограм, а лозарите добиваат и субвенција за предаден килограм грозје во домашна винарска визба. Годишното производство на винско грозје е движи од 100 до 150 милиони килограми од кое се произведуваод 90 до 100 милиони литри вино. Најголем дел од виното и понатаму се извезува како наливно, а не флаширано, иако визбите добиваат субвенции за извезено вино во шише. Но и покрај тоа извозот на вино бележи пораст. По 2011 година која беше забележана како рекордна по пласманот на вино во последните 20 години, податоците за минатата 2012 година се дека извозот на виното е зголемен за околу 18 отсто, а остварениот девизен прилив за 25 проценти споредбено со претходната година.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





