05 Декември, 2025
0.0349

Свето Јаневски сака целосно да го контролира „М-6“ и „Тиквеш“, ги исплаќа уделите на содружниците

Објавено во: Економија 15 Октомври, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Некогашните соработници и содружници на Светозар Јаневски бараат од него да им ги исплати до крај уделите кои што ги поседувале во „М-6“ ДОО Скопје, фирма која контролира 80 отсто од акциите во винарската визба „Тиквеш“, но има висок процент на акции и во „Охридтурист“.

Во моментов,според податоците од Централниот регистар, Светозар Јаневски има 90 отсто од сопственоста над групацијата „М-6“ Доо со неговата „М-6 Еден“, но доскорешните содружници Светлана Пендаровска, Мате Настески, Ратко Чадиковски и Снежана Славкова.бараат да им ги исплати до крај уделите што му ги имаат продадено во изминатиот период пред промената на сопственоста.

На барање на овие четири лица како доверители, засега запленети се удели од 11,93 отсто на Чадиковски во висина од 56 милиони денари, евидентирана е и заплена на удел кој бил на Настески од 10,19 отсто и висина од 49,2 милиони денари, удел на Славкова од 9,92 проценти и износ од 47 милиони денари, како и уделот на Пендаровска од 8,46 проценти во вредност од 40 милиони денари. Замрзнат е и уште еден заеднички удел од 50 отсто од главнината со вредност од 238 милиони денари. 

Во овој случај должник е „М-6 Еден“, кој е во сопственост на семејството на Јаневски, а тој таму е управител. Од компанијата ни одговорија дека станува збор за процес во кој „М-6 Еден“ на Јаневски ги купува уделите на неговите некогашни содружници во „М-6“ Доо.

- Станува збор за избрзано недоразбирање за кое сакаме да појасниме дека во моментот се исплатени 60 отсто од договорените суми кои ги бараат содружниците за да ги отстапат своите удели. Во иднина ќе бидат доплатени уште 40 отсто од продажната сума. Овој процес нема да влијае негативно на работењето на винарската возба „Тиквеш“, ни одговори застапникот на АД „Тиквеш“ за односи со јавност.

Во моментов „М-6“ Доо поседува 80,08 отсто од акциите на ВВ „Тиквеш“, а Јаневски и неговото семејство во моментов со „М-6 Еден“ поседуваат 90 отсто од „М-6“ Доо. Самиот „М-6 Еден“ поседува 6,53 отсто од акциите на „Тиквеш“. Ова значи дека Јаневски ќе има речиси целосна контрола над сопственоста во најголемата винарска визба во Македонија.

А.К.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен