28 Септември, 2024
0.0342

Светот ќе го добие првиот трилионер за 25 години!

Објавено во: Анализа 11 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Првиот трилионер во светот може да се појави во рамките на наредните 25 години, прогнозираат финансиски аналитичари, пишува Business Insider. Многумина очекуваат тоа да биде основачот на Microsoft и најбогат човек во светот, Бил Гејтс. Ако најголемите богатства во светот продолжат да се зголемуваат со сегашната стапка, поддржани од брзото создавање на богатство во новите економии како Индија и Кина, состојбата на Гејтс или на некој друг од врвот на богаташите на планетата може да заработи до 1 трилиони долари до 2039 година, покажуваат предвидувањата. Други, како инвестициската банка Credit Suisse, веруваат дека ќе има 11 трилионери само во рамките на две генерации. "Идната екстраполација на сегашното темпо на раст на тековното богатство дава речиси 1 милијарда милионери по две генерации, што е еквивалентно на 20% од вкупното возрасно население", проценуваат од банката. "Ако ова сценарио се расплетува, милијардерите ќе бидат честа појава и веројатно ќе има неколку трилионери, 11 според нашите пресметки." 1 трилион долари е 1 милион милиони , или 1 000 000 000 000. Тоа се доволно пари да се купи секој квадратен метар имот во централен Лондон по денешните цени, според британскиот весник The Times. 58-годишниот Гејтс во моментов е најбогат човек во светот со богатство кое се проценува на 77 милијарди долари. Уделот на 400-те најбогати Американци од вкупното богатство во САД се зголеми повеќе од три пати од помалку од 1% до 3% од почетокот на изготвувањето на листата на списанието Forbes од 1982 година. Според американскиот адвокат по даночно право Боб Лорд, кој пишува за Inequality.org, зајакнувањето на концентрацијата на светското богатство ќе доведе до појава на првиот трилионер само во рамките на четврт век. Според него, тоа најверојатно ќе се случи во 2039 година. Кога Forbes почна да го подготвува рангирањето на најбогатите 400 Американци, 75 милиони долари беа доволна сума за паѓање во престижниот рејтинг, иако за во дното на нејзината листа денес се потребни барем 1 милијарда долари. Меѓу другите претенденти за титулата "прв трилионер во светот " се мексиканскиот телекомуникациски магнат Карлос Слим и легендарниот американски инвеститор Ворен Бафет. Има и такви, сепак, кои се сомневаат во 25-годишната прогноза, и веруваат дека ќе потрае уште неколку генерации, за да се појави претприемач кој ќе ја освои титулата. Оливер Вилијамс од лондонската консултантска компанија Wealth Insight коментира за The Times: "Нема како да предвидат со точност кога ќе се појави првиот трилионер. Станува збор кога, а не дали. Сомнително е, меѓутоа, дека тоа ќе се случи во рамките на 25 години, поверојатно е тоа да се случи за двојно подолг рок". "Првиот трилионер ќе биде пронаоѓач, творец на нешто што го менува светот, како што тоа Бил Гејтс го направи со персоналниот компјутер", според Вилијамс. "Ова може да е решение на глобален проблем, како недостатокот на вода, или пак нешто за кое светот не бил свесен дека е потребно, како Facebook", додава тој. Според Вилијамс е речиси сигурно дека првиот трилионер во светот ќе се наоѓа во САД, каде што акумулацијата на богатство е најсилнa. Според други, пак, најбогатиот може да се појави и во брзо растечката економија како Индија. К.К.