04 Декември, 2024
0.0292

Светот ќе остане без кафе, памук....Климатските промени драстично го сечат земјоделското производство-страотни предупредувања за планетата

Објавено во: Економија 25 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Поради екстремните временски настани и големата суша, дури и најголемите светски производители бележат пад на производството. Намалено е производството на памук, а помал е и приносот на кафе. Засега нема недостиг, но неминовно е помалата понуда да доведе до повисока цена. Дополнително загрижуваат најавите дека на светот ќе му недостига храна, особено висококвалитетна храна, бидејќи, како што тврдат експертите, поради климатските пореметувања ќе ја изгуби својата енергетска вредност.

Професор од Земјоделскиот факултет во Србија, д-р Ана Вуковиќ Вимиќ, за „Блиц Бизнис“ вели дека проценките за влијанието на одредени производи и проценките на ризик во иднина веќе постојат и дека тие покажуваат дека временските услови и земјите погодни за одгледување на одредени култури го нарушуваат производството и носат загуби и скокови на цените на одредени производи.

-Веќе го чувствуваме влијанието на екстремните временски услови. Кога има помал принос, глобалниот пазар веднаш се нарушува, а цената на храната и производите што ги консумираме скокаат. Може да се случи и покрај понискиот квалитет, цената на некои производи да биде значително повисока, бидејќи ги нема на пазарот. Неизбежно е сето тоа да се одрази на таканаречениот „глобален систем на храна“ – вели професорката.

Таа укажува и дека поради климатските промени, квалитетот на храната ќе биде доведен во прашање.

- Се покажа дека поради промената на климатските услови во подрачјата каде што се одгледуваат одредени култури, се предвидува намалување на квалитетот на храната, во смисла дека ќе се намалат хранливите материи што ги содржат, а потоа тие повеќе нема да бидат како нутритивно вредни, дури и да не се некои настани што ќе го уништат родот, храната едноставно нема да биде со највисок квалитет - вели таа.

Глобална криза со глад

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш неодамна потврди дека состојбата со храната, покрај енергетските извори, станува проблем и за сегашноста и за блиската иднина, велејќи дека светот се соочува со катастрофа поради зголемениот недостиг. Тој објасни дека војната во Украина всушност само придонесе за нарушувањата предизвикани од климатските промени, пандемијата на корона вирусот и големиот јаз меѓу богатите и сиромашните и предизвика „глобална криза со глад без преседан“, која веќе погодува стотици милиони луѓе.

„Постои реален ризик дека ќе биде прогласена повеќекратна криза со храна во 2022 година. А 2023 година може да биде уште полоша“, рече тој во видео пораката до официјални лица од десетици богати земји кои се состануваат во Берлин. Она што Гутереш посебно го истакна во оваа прилика е дека ниту една земја нема да биде имуна на социјалните и економските последици од ваква катастрофа.

Податоците на ОН покажуваат дека во последните две години, поради пандемијата на Ковид и војната во Украина, двојно се зголемил бројот на луѓе во светот кои се изложени на ризик да немаат доволно храна - од 135 милиони во 2019 година на 276 милиони.

Зголемувањето на цените укажува на недостиг

Во земјава, но и во светот, во последните месеци се забележани големи поскапувања на храната. Некои се погодени од инфлацијата, додека други само ќе поскапат како резултат на сушата. Глобалните цени на храната се зголемија за речиси 30 отсто во последната година, ѓубривата поскапеа за повеќе од 50 отсто, а нафтата за повеќе од 60 отсто, според Обединетите нации (ОН).

Факт е дека сушата ќе ја намали количината на соја и пченка. Иако струката сега не може да даде точни проценки, сепак веруваат дека засега нема да има недостаток кај нас.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОД СКОПЈЕ ДО ПАРИЗ: „Визер“ добива конкуренција

ОД СКОПЈЕ ДО ПАРИЗ: „Визер“ добива конкуренција

ВЛАДАТА ГИ СМИРУВА РАБОТНИЦИТЕ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕТО: „Не се размислува за такво нешто“

ВЛАДАТА ГИ СМИРУВА РАБОТНИЦИТЕ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕТО: „Не се размислува за такво нешто“

„Бехтел и Енка“ ги доби првите 20 милиони евра од новата власт

„Бехтел и Енка“ ги доби првите 20 милиони евра од новата власт

МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАТИ ЗАОСТАНУВААТ ВО ОДНОС НА ТИЕ ВО РЕГИОНОТ: Граѓаните се разочарани, велат младите допрва ќе бегаат во странство

МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАТИ ЗАОСТАНУВААТ ВО ОДНОС НА ТИЕ ВО РЕГИОНОТ: Граѓаните се разочарани, велат младите допрва ќе бегаат во странство

СО СКИ КАРТА ЗА МАВРОВО, БЕСПЛАТНО ЌЕ СКИЈАТЕ И НА КОПАОНИК, ЗЛАТИБОР И СТАРА ПЛАНИНА: Еве каков договор склучиле скијалиштата на двете земји

СО СКИ КАРТА ЗА МАВРОВО, БЕСПЛАТНО ЌЕ СКИЈАТЕ И НА КОПАОНИК, ЗЛАТИБОР И СТАРА ПЛАНИНА: Еве каков договор склучиле скијалиштата на двете земји

АКО СЕ ПЕНЗИОНИРАМЕ НА 67, МАКЕДОНЦИТЕ ЌЕ ИМААТ НАЈСТАРИ РАБОТНИЦИ: Еве колкава е старосната граница за пензионирање во регионот

АКО СЕ ПЕНЗИОНИРАМЕ НА 67, МАКЕДОНЦИТЕ ЌЕ ИМААТ НАЈСТАРИ РАБОТНИЦИ: Еве колкава е старосната граница за пензионирање во регионот

ДОАЃА ПОСЛЕДНИОТ СПОЕН ВИКЕНД ЗА ГОДИНАВА: Еве кој ден нема да се работи

ДОАЃА ПОСЛЕДНИОТ СПОЕН ВИКЕНД ЗА ГОДИНАВА: Еве кој ден нема да се работи

ГРЦИЈА ВОВЕДУВА НОВИ, ОСТРИ МЕРКИ: Заборавете на одморот на кој сте навикнати

ГРЦИЈА ВОВЕДУВА НОВИ, ОСТРИ МЕРКИ: Заборавете на одморот на кој сте навикнати

СЕПАК „ETIAS“ МОЖЕ ДА ВЕ ОДБИЕ: Еве што треба да знаете за новиот систем за влез во ЕУ

СЕПАК „ETIAS“ МОЖЕ ДА ВЕ ОДБИЕ: Еве што треба да знаете за новиот систем за влез во ЕУ