Светозар Јаневски и Дарко Гелев-Брејк му продадоа зграда на „Американ Колеџ“
Објавено во: Економија 04 Септември, 2024 11:54
Еден од најголемите приватни универзитети „Американ Колеџ“ ја купи соседната зграда до своето седиште на „Трета Македонска Бригада“, булеварот што се наоѓа помеѓу Кисела Вода и Аеродром во Скопје.
Приватниот универзитет е нов сопственик откако изминатите денови ја купи фирмата МЗТ Инвестмент Гроуп, чии сопственици досега по половина беа М-6 Инвестиции на Светозар Јаневски, како и Дарко Гелев-Брејк.
Гелев ја потврди купопродажбата за „Фактор“, но вели дека добиената сума останува деловна тајна. Тој вели дека решиле да го искористат моментот на добрата понуда.
- Ова зграда е една од оние што порано ги поседуваше „Металски Завод Тито“ - Скопје. Ние ја купивме пред 20 години, а основна дејност на МЗТ Инвестмент Гроуп беше издавање на деловниот простор. Во моментот кога видовме дека понудата од „Американ Колеџ“ е поволна, ние решивме да ја продадеме, вели Гелев.
„Зделката“ ја потврди и Јаневски, еден од најпознатите менаџери во земјата и доминантен сопственик на ВВ „Тиквеш“, но ни рече дека е во странство и дека нема време да изнесува детали.
„Американ Колеџ“ е во сопственост на друштвото за менаџмент АКС „Менаџмент од Скопје“ и е еден од трите најголеми приватни универзитети во земјата, заедно со ФОН Универзитет и Европски универзитет.
МЗТ Инвестмент Гроуп од друга страна е фирма основана во 2004, со релативно мали годишни приходи, но со вкупна актива од околу 500.000 евра.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




