СВЕТСКА БАНКА: Македонија да ги намали сиромаштијата и невработеноста!
Објавено во: Економија 08 Април, 2016 14:01
Во последниот денеска соопштен извештај на Светска банка се порачува Македонија да се сконцентрира на внатрешно-политичките превирања и истите да ги надмине бидејќи претставуваат ризик фактор за одлуките за нвестирање и намалување на економската активност.
Од институцијата велат дека во тековната година очекуваат економскиот раст да биде ист како ланскиот 3,7 посто со нагорна линија и зголемување на 4 отсто во следната 2017 година.
Во извештајот на банката се нотира дека Македонија мора да се насочи кон намалување на сиромаштијата и невработеноста и да се приближува до стандардите на живот на ЕУ.
„И ескалацијата на бегалската криза може да биде ризик за македонската економија, особено ако ЕУ одлучи да ги затвори своите граници или значително да го ограничи приливот на мигранти, се наведува во Извештајот.
Извештајот беше соопштен од страна на главниот економист на Светска Банка Галина Андонова Винчелете за регионите на Европа и Централна Азија, додека клучните препораки и предизвици ги соопшти регионалниот директор во Светска банка Елен Голдстин.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




