06 Декември, 2025
0.0643

Светските берзански индекси тонат - МБИ10 на позитивна „нула“

Објавено во: Финансии 07 Февруари, 2018 09:36

Добивај вести на Viber

Економистите ширум светот прават темелни анализи дали „топењето“ на вредноста пред се на американските берзи од кои најглавните се на Вол Стрит се знак за нова голема економска и финансиска криза слична на таа во 2008 година која предизвика катастрофални последици врз глобалната економија. 

Во овој период и македонскиот берзански индекс по најдобриот месец со постојан раст во јануари 2018 конечно покажува мали знаци на успорување и веќе трет ден бележи пад од постигнатата највисока вредност.

МБИ10 индексот на Македонска берза достигна нов скок на вредноста заклучно последниот ден од јануари со 2.824,49 индекси поени што беше одличен раст во текот на целиот прв месец од 2018 година. Сепак, во последните денови вредноста се намалува, а заклучно со третиот ден стигна на позитивна „нула“ без поголеми промени Последната вредност на МБИ10 индексот достигна 2.792,95 поени.

Падот на њујоршките берзи се случува исто така во период на континуиран раст кој беше присутен во речиси целата 2017 и на почетокот на оваа година, но сега акциите „тонат“, па последици се почуствуваа насекаде, односно пад има и кај азиските берзи особено големите во Јапонија, Јужна Кореја, Хонг Конг и Кина, а исто така со вакви падови се соочуваат и европските берзански индекси. Секако, тоа не е значаен фактор кој влијае врз македонската економија, па и од таму и врз нашата берза.

МБИ10 индексот јануари го започна со 2,544 индексни поени и во изминатите триесетина дена постојано растеше. Во МБИ10 индексот се содржани акциите на десетте најдобри компании кои се дел од пазарниот сегмент на хартии од вредност.

Пазарната капитализација на компаниите кои се дел од МБИ10 индексот исто така бележи пад и од 87,8 милијарди денари се спушти на 86,9 милијарди денари.

Х.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција