19 Декември, 2025
0.0564

Светски економски форум: 5 години бараме жртвено јагне, а мислевме дека создаваме подобар систем!

Објавено во: Свет 23 Јануари, 2013 19:06

Добивај вести на Viber

Финансиската индустрија има да изоди уште долг пат додека да ги направи потребните реформи, изјави заменик-извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Мин Џу, пренесе BBC. Финансиските производи остануваат премногу комплицирани, сенките се уште надвиснуваат над банкарството, рече Мин на Светскиот економски форум во Давос. Тој ги повика банкарите и регулаторите да соработуваат поблиску и подобро. Извршниот директор на „JP Morgan“ Џејми Дамјан не се согласува со ваквите тврдења, велејќи дека се потребни поефикасни мерки, а не само повеќе прописи. „Во текот на изминатите 5 години се обидовме да решиме многу проблеми, но сепак многу прашања остануваат отворени", коментира Мин. „И покрај сите дебати финансиската структура не се променила многу. Ситуацијата се уште не е побезбедна од предходно ", изјави тој по излагањето на Мин на работниот панел во Давос каде учествуваа и  претседателот на „UBS“ Аксел Вебер и извршниот директор на „Prudential“ Тиџиан Тиам. Додека некои банки продолжуваат да го намалуваат должничкиот товар и да се ослободуваат од средства поради финансиското фијаско од 2008 година, банкарскиот индустрија во светот се уште претставува над половина од глобалниот бруто домашен производ (БДП), истакнува Мин. Регулаторните тела и банките се уште не соработуваат доволно, предупредува тој. „Спорот за тоа дали се потребни дополнителни прописи или повеќе регулаторни правиле е важен, но она што е поважно е дека ни требаат финансиски институции кои ќе соработуваат со регулаторите. Напредокот навистина не е доволен ", додава тој. Извршниот директор на „JP Morgan“ пак ја заштити позицијата на банкарите, истакнувајќи дека регулаторите, кои тој ги опишува како "претрупани со работа поради комплексноста и обемот на своите обврски, се обидуваат да постигнат резултати премногу брзо". „Сакате ефикасни и функционални прописи. Не сакате даночните обврзници да плаќаат?!? ... големите банки мора да банкротираат, па да не им штетат на економијата. Постојат правилни и погрешни одговори. Треба да ги откриеме вистинските ", додава Дамјан. „Финансии се клучни за функционирањето на економијата", посочи тој и додаде„откако еднаш општеството почне да штеди, финансиските средства ќе ги има доволно и сигурен сум дека сите сакаме да живееме во свет со повеќе пари. „Ги поминавме последните 5 години во обвинувања и барање на жртвено јагне и дезинформации, а цело време си мислевме дека создаваме подобар систем", посочи Дамјан од Светскиот економски форум.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците