19 Декември, 2025
0.0365

Светски економски форум: Европа стана најголемиот растечки пазар во светот!

Објавено во: Свет 23 Јануари, 2013 18:46

Добивај вести на Viber

Со милијардите долари проблематични активи во банките кои чекаат да бидат заграбените од храбрите инвеститори, Европа практично е еден од "најголемите растечки пазари" во светот, коментира извршниот директор на „The Carlyle Group“ Дејвид Рубенштeин, пренесе „CNBC“. Надвор од САД најдобрите можности за инвестиции можат да бидат откриени на пазарите во развој како Кина, Бразил, Перу, Чиле, Нигерија ... и Европа, коментира тој. "Според нас Европа е доста атрактивен пазар. Кризата тука беше толку тешка што сега континентот се претвори во најголемиот растечки пазар во светот. Цените се ниски, а  покрај тоа очекуваме раст ", коментира инвеститорот од Светскиот економски форум во Давос. „Во текот на оваа и следната година многу банки во Европа ќе продаваат средства и според нас ќе се најдат добри можности за купување", вели тој. Рубенштeин истакнува дека инвеститорите ќе бидат изненадени од ретко ниските цени за некои банкарски средства. Европските банки се ослободуваат од средствата, бидејќи сакаат да ги намалат своите  биланси. Во 2012 година „The Carlyle Group“ ја купи компанијата за инвестициски менаџмент TCW од „Societe Generale“. „ „Цената беше фантастична", коментира Рубенштeин. Сега сите се прилично задоволни од напредокот во Европа, додава тој, посочувајчи дека се стабилизира еврото и се нормализираат цените за кредитирање на земјите како Шпанија и Италија, откако Европската централна банка (ЕЦБ) ја објави својата програма за откуп на обврзници. „Според мене ЕЦБ заврши фантастична работа и сега ситуацијата во Европа е релативно добро", коментира тој, иако признава дека добрите економски вести доаѓаат во време на многу ниски очекувања. „Ако паднете од Марс и ја погледнете на финансиската ситуација во Европа ќе си речете 'тука има проблем', но со оглед на тоа какви се очекувањата - дека растот во Европа нема да биде особено импресивен - сите сега се доста среќни",порача инвесторот од Форумот во Давос.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците