27 Јули, 2024
0.0281

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС СО НИЗА КРИТИКИ ЗА КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА НО И ЗА ЏАФЕРИ И КАСАМИ: Неприфатливо е грубото кршење на Уставот и законите на конститутивната седница на Собранието

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Со низа критики за конститутивната седница на Собранието на Македонија се огласи и Светскиот Македонски Конгрес.
 Светскиот Македонски Конгрес (СМК) за неприфатливо го оценува грубото кршење на Уставот и законите од четворица пратеници на конститутивната седница на Собранието на Македонија одржана на 28 мај 2024 година - Талат Џафери, Билал Касами, Мерита Колчи-Коџаџику и Африм Гаши, иако граѓаните пред Уставот и законите се еднакви!

СМК смета дека Собранието не требаше да го верификува мандатот на претседателот на Владата Талат Џафери без претходна оставка, бидејќи во членот 63 став 5 од Уставот е утврдено: “Неспојлива и неизберлива е функцијата пратеник во Собранието со вршење на други јавни функции или професии, утврдено со закон”. А, во членот 8 ставовите 1, 2 и 3 од Изборниот законик се вели: “(1) Функцијата пратеник е неспојлива со функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и со други носители на функции кои ги избира или именува Собранието и Владата; (2) Функцијата пратеник е неспојлива со функцијата градоначалник и со член на совет во општината и градот Скопје; и (3) Функцијата пратеник и градоначалник е неспојлива со: извршување на стручни и управни работи во органите на државната управа, извршување на стопанска или друга профитна дејност и членување во управни одбори на јавни претпријатија, јавни установи, фондови, агенции, заводи и во други правни лица, како и со изборот на претставник на државниот и општествен капитал во трговските друштва.“

СМК укажува дека со верификацијата на мандатот на пратеник, во согласност со членот 8 став 5 од Изборниот законик, Собранието пропушти да констатира дека, со денот на верификацијата на мандатот на пратеник, функцијата претседател на Владата на Талат Џафери МУ ПРЕСТАНУВА! Поради пропуштени дејствија на Собранието на Македонија, во спротивност со Уставот и Закон, до изборот на нов премиер, Талат Џафери истовремено е пратеник и претседател на Владата што претставува флагрантно кршење на Уставот, иако “поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска” е темелна вредност на уставниот поредок на Македонија утврдено во членот 8 став 1 алинеја 4 од Уставот!

СМК истовремено смета дека Собранието неовластено ја прифатило писмената изјава на Билал Касами дека се откажува од функцијата пратеник поради извршување на функцијата градоначалник на општина Тетово, затоа што во согласност со членот 65 став 5 од Изборниот законик, тој веќе дал изјава за прифаќање на кандидатурата за пратеник, иако “За секоја кандидатура е потребна писмена согласност (изјава) на кандидатот која е неотповиклива!” Собранието требало да го верификува мандатот на пратеникот Билал Касами и да констатира дека со денот на верификацијата на мандатот за пратеник, функцијата градоначалник на општина Тетово МУ ПРЕСТАНУВА! За жал, Билал Касами примил уверение од Државната изборна комисија за избор за пратеник, а пред верификацијата на мандатот поднел изјава до Собранието дека се откажува од пратеничката функција, иако изјавата за прифаќање на кандидатурата Е НЕОТПОВИКЛИВА! Општинската изборна комисија не смеела да ја прифати кандидатурата на градоначалникот на општина Тетово Билал Касами за пратеник, бидејќи во согласност со членот 8 став 2 од Изборниот законик функцијата пратеник е неспојлива со функцијата градоначалник! На овој начин Општинската изборна комисија извршила кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата и повреда на избирачкото право, бидејќи ги довела во заблуда избирачите во врска со кандидатурата на Билал Касами за пратеник како градоначалник на општина Тетово. А, Собранието неовластено не го верификувал мандатот на пратеникот Билал Касами, односно верификувал друг од листата на кандидати за пратеници од коалицијата ВРЕДИ!

СМК, исто така, најостро го осудува и за скандалозно го смета давањето свечена изјава од претедателот на Собранието Африм Гаши прво на албански јазик, а потоа на македонски јазик дека “функцијата ќе ја врши совесно и одговорно и ќе ги почитува Уставот и законите на Република Македонија”, наместо прво на македонски јазик кој во согласност со амандманот V на членот 7 од Уставот е службен јазик на “целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи”, а потоа и на албански јазик како негов мајчин јазик.

СМК протестира и на однесувањето на претседавачката на конститутивна седница на Собранието, пратеничката Мерита Колчи-Коџаџику која не претседаваше на македонски јазик.

СМК и натаму смета дека независно од етничкото потекло на претседателот на Собранието, пленарните седници треба да се претседаваат на македонски јазик, бидејќи Собранието на Македонија не е општина во која мнозинство се припадниците на една етничка заедница, а во согласност со амандманот V на членот 7 од Уставот “На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.“ се вели во реакцијата.


Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА ОТКРИВА ШТО СОДРЖИ ИЗВЕШТАЈОТ НА ГЕРМАНСКАТА КОМПАНИЈА ЗА ВОЗДУХОТ НА ХИРУРШКИ КЛИНИКИ - еве кои се нивните сознанија

ЛЕВИЦА ОТКРИВА ШТО СОДРЖИ ИЗВЕШТАЈОТ НА ГЕРМАНСКАТА КОМПАНИЈА ЗА ВОЗДУХОТ НА ХИРУРШКИ КЛИНИКИ - еве кои се нивните сознанија

„СЕ КАЕ ОД ПРВИОТ ДЕН ОТКАКО ГО СТОРИЛА УБИСТВОТО, НО ВЕЛИ ДЕКА ЗАТВОРОТ ЗА НЕА Е ОДМОР“ - потресно сведоштво на осуденичка од Идризово

„СЕ КАЕ ОД ПРВИОТ ДЕН ОТКАКО ГО СТОРИЛА УБИСТВОТО, НО ВЕЛИ ДЕКА ЗАТВОРОТ ЗА НЕА Е ОДМОР“ - потресно сведоштво на осуденичка од Идризово

ДОДЕКА СИ СЕДИТЕ ДОМА И СИ КОМЕНТИРАТЕ „МИ СЕ СВИЃА, НЕ МИ СЕ СВИЃА“ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА, НЕМОЈТЕ ДА ЗАБОРАВИТЕ ДЕКА: - еве што наброја новинарката Офелија Димковска

ДОДЕКА СИ СЕДИТЕ ДОМА И СИ КОМЕНТИРАТЕ „МИ СЕ СВИЃА, НЕ МИ СЕ СВИЃА“ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА, НЕМОЈТЕ ДА ЗАБОРАВИТЕ ДЕКА: - еве што наброја новинарката Офелија Димковска

КАКО НЀ ЗАЛАЖУВААТ ТРГОВЦИТЕ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО - дали правиме разлика меѓу распродажба, попуст и акција

КАКО НЀ ЗАЛАЖУВААТ ТРГОВЦИТЕ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО - дали правиме разлика меѓу распродажба, попуст и акција

Колони возила на ГП Богородица и ГП Табановце

Колони возила на ГП Богородица и ГП Табановце

СО УМИСЛА И ОД БЕЗОБЗИРНА ОДМАЗДА ТРОЈЦАТА БРАЌА ПУКАЛЕ КОН СОСЕЛАНЕЦОТ - Обвинителството бара притвор

СО УМИСЛА И ОД БЕЗОБЗИРНА ОДМАЗДА ТРОЈЦАТА БРАЌА ПУКАЛЕ КОН СОСЕЛАНЕЦОТ - Обвинителството бара притвор

„МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА УШТЕ СИНХРОНИЗИРА ТУРСКИ СЕРИИ“ - Апасиев со критика за Љутков

„МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА УШТЕ СИНХРОНИЗИРА ТУРСКИ СЕРИИ“ - Апасиев со критика за Љутков

НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ, ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО - еве ги прогнозите за овие два дена

НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ, ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО - еве ги прогнозите за овие два дена

ПОВИКАН Е НА КОНСУЛТАЦИИ, ТРЕБА ДА РАЗГОВАРА СО МУЦУНСКИ - после Фрчкоски и Мемеди, и Жерновски на „рапорт“

ПОВИКАН Е НА КОНСУЛТАЦИИ, ТРЕБА ДА РАЗГОВАРА СО МУЦУНСКИ - после Фрчкоски и Мемеди, и Жерновски на „рапорт“