07 Октомври, 2024
0.0252

Светскиот ден на вранецот со голем успех на шестата едиција

Објавено во: Мои пари 07 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Здружението „Вина од Македонија“ го одбележа Светскиот ден на вранецот, водечката регионална автохтона сорта и дел од нашето национално винско наследство. Манифестацијата годинава се одржува по шести пат со цел да го популаризира исклучителниот квалитет и карактеристики на вранецот пред винската елита ширум светот и да ја позиционира оваа сорта на светската винска мапа.

Главната манифестација на Светскиот ден на вранецот се одржа во сабота, 5 октомври, во Националната опера и балет во Скопје, со Вински салон на кој винските љубители имаа можност да дегустираат вина од сортата вранец, претставени од 20 македонски винарници членки на Здружението „Вина од Македонија“ и на Здружението „Македонски семејни винарии“.

Во рамки на манифестацијата, специјален концерт одржа минатогодишниот Амбасадор на вранецот Казухиро Котетсу, кој е основач на Токискиот камерен оркестар  „Вранец”.

Сите ние, македонските винарии, сме денес тука да покажеме и да докажеме дека и покрај соочувањата со предизвиците, со соработка и посветеност можеме да ги надминеме. Светскиот ден на вранецот од иницијатива за популаризација на оваа сорта прерасна во традиција, со чија помош, македонското вино го позиционираме на светската винска мапа. Ќе ни треба уште долг пат“, рече претседателот на „Вина од Македонија“ Светозар Јаневски, истакнувајќи дека е потребно да има поголема и подобра соработка помеѓу сите чинители во македонската винска индустрија со цел да се подобри имиџот на македонското вино во светот, да се вложува во капацитетите за промовирање на винскиот туризам и да се вложува во развојот на оваа индустрија особено преку системот за стандарди и географски ознаки.

„Традиционално, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е главен поддржувач на манифестацијата и среќен сум што вечерва на пиедестал ја ставаме нашата препознатлива сорта вранец, како водечка регионална автохтона сорта и дел од нашето национално винско наследство“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Со задоволство ја следам напорната работа што Вина на Македонија ја прави со промовирање на вината од овој регион, како и нивната поддршка во зачувувањето на традициите на производство на вино и уникатниот идентитет на вранецот“, изјави Оцука Казуја, амбасадор на Јапонија во Р.С. Македонија, посакувајќи понатамошна континуирана промоција на македонското вино во Јапонија.

На манифестацијата беа присутни и 25 интернационални вински новинари кои деновите пред настанот посетија 11 македонски винарници со цел да се запознаат со македонската винска индустрија, да пробаат квалитетно македонско вино и да ја промовираат нашата држава како винска земја пред бројни читатели на светски познати магазини како Forbes, Decanter, BKWine и WineSofa. Меѓу нив беше и ново прогласениот Амбасадор на вранецот за 2024 година, Пер Карлсон. Карлсон е светски познат новинар кој последниве 3 години редовно пишува статии и спроведува интервјуа за вранецот во едно од најпознатите списанија – Forbes. Тој минатата година беше и судија на Vranec Selection, натпреварот посветен на вранец, кој се одржа во нашата држава во организација на Concours Mоndial de Bruxelles.

Во рамки на настанот беа доделени благодарници на Јапонската и Швајцарската амбасада, која континуирано го поддржува Светскиот ден на Вранецот уште од првото издание во 2019 година.

Главен поддржувач на настанот е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а годинава со своја поддршка се приклучи и Јапонската амбасада, која ја прославува 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Македонија и Јапонија. Светскиот ден на вранецот го поддржа и Министерството за култура и туризам, а компаниите Термалифт, ВетроПак, Тохем, Куиненбергер, Кожувчанка, Пекабеско и Специјал беа спонзори на настанот.

Можеби ќе ве интересира

Почесна диплома за Светозар Јаневски од Меѓународната федерација на вински братства за значајни достигнувања во винската индустрија

Почесна диплома за Светозар Јаневски од Меѓународната федерација на вински братства за значајни достигнувања во винската индустрија

ЕСЕНСКА „БУРА“ ОД ВЛТ ДОБИВКИ: СО 1.327.709 ДЕНАРИ ДЕАН АЏИЕВ Е СРЕЌЕН МИЛИОНЕР

ЕСЕНСКА „БУРА“ ОД ВЛТ ДОБИВКИ: СО 1.327.709 ДЕНАРИ ДЕАН АЏИЕВ Е СРЕЌЕН МИЛИОНЕР

Имлек Протеин – Движечката сила на 14 300 учесници на ВизЕр Скопски маратон

Имлек Протеин – Движечката сила на 14 300 учесници на ВизЕр Скопски маратон

Секој месец „Среќна 13-ка“ во Спорт Лаиф

Секој месец „Среќна 13-ка“ во Спорт Лаиф

Втора посета во рамките на проектот „Малите алкалоидовци го истражуваат ’Алкалоид’“

Втора посета во рамките на проектот „Малите алкалоидовци го истражуваат ’Алкалоид’“

Зад сцената на серијата Galaxy Buds3: Планирање на производ за супериорно аудио искуство

Зад сцената на серијата Galaxy Buds3: Планирање на производ за супериорно аудио искуство

СКОПСКО успешно ја заврши втората голема акција за чистење на Охридското Езеро

СКОПСКО успешно ја заврши втората голема акција за чистење на Охридското Езеро

Пет години Mitra.mk!

Пет години Mitra.mk!

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар